Ѕвезди кои се бореле со зависност од дрога и алкохол - и ја победиле

Еминем

„Здраво, се викам Маршал, и сум зависник,“ вели раперот во неговото документарно шоу. Еднаш се предозирал толку многу што само медицинската интервенција успеала да му го спаси животот.

Еминем тврди дека во борбата многу му помогнало тоа што требало да остане свесен заради својата ќерка.

dzvezdi-koi-se-borele-so-zavisnost-od-droga-i-alkohol-i-ja-pobedile-05.jpg

Кристин Дејвис

Актерката имала проблеми со стрес и страв пред секое снимање, па малку по малку, почнала да се потпира на алкохолот за да се опушти. На 25 години Кристин веќе била алкохоличар.

Нејзината пријателка не можела да гледа како си го уништува животот, па ја зачленила на јога часови и состаноци за „чистење“ од алкохолот.

Со оглед на тоа што во Сексот и градот постојано се пиеја коктели, актерката вели дека многу се плашела да не падне во искушение.

dzvezdi-koi-se-borele-so-zavisnost-od-droga-i-alkohol-i-ja-pobedile-06.jpg

Даниел Редклиф

Со славата која Хари Потер му ја донесе уште како дете, природно дошла и депресијата во тинејџерските денови. Тогаш Даниел решил да се утеши со алкохол.

„Кога пиев, бев комплетно различна личност. Некогаш се будев на непознати места, во непознати станови без меморија како сум стигнал таму. Константно имав ментални падови, што и првично ме доведе до зависноста од алкохол.

Еден ден излегов да прошетам. Прошетката траеше 5 часа. Тогаш првпат не почувствував желба за алкохол толку долго време. Сфатив дека ми недостасува чист воздух и движење.

Сега сум физички активен и тоа ми помогна да го оставам алкохолот.“

dzvezdi-koi-se-borele-so-zavisnost-od-droga-i-alkohol-i-ja-pobedile-07.jpg

Стинг

Гледајќи како изгледа денес, тешко е да поверувате дека Стинг бил љубител на алкохол во големи дози и останати халуциногени супстанци.

Зависноста предизвикала неговата сопруга да си замине и да ги земе двете дечиња со неа. Оттогаш, пејачот решил да започне нов живот.

Денес Стинг е примерен сопруг и татко на 6 деца.

dzvezdi-koi-se-borele-so-zavisnost-od-droga-i-alkohol-i-ja-pobedile-08.jpg

Бритни Спирс

Славата на Бритни започна многу рано, па за да го издржи темпото и распоредот, подлегна на алкохолот и дрогата, како и скандалите. Тоа што двете деца ѝ беа привремено одземени само ја влоши ситуацијата.

За среќа, таткото на пејачката бил тој кој ја спасил и воспоставил контрола над нејзиниот живот. Потегнал врски и правно се изборил да си ги гледа децата.

Тоа што речиси ги изгубила двете деца, семејството и кариерата, ја врати во нормала и реши да се врати во музичкиот свет без злоупотреба на она што ѝ е достапно.

dzvezdi-koi-se-borele-so-zavisnost-od-droga-i-alkohol-i-ja-pobedile-09.jpg

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg