Ѕвезди кои се бореле со зависност од дрога и алкохол - и ја победиле
- Детали
- вторник, 26 септември 2017
Еден од заедничките проблеми на славните и богатите дефинитивно е развивањето на зависност кон алкохолот или дрогата.
За среќа, има и такви кои јавно и отворено зборуваат за својата битка и се инспирација за оние кои сакаат приказната да има среќен крај.
Ова се ѕвездите кои извојувале победа над зависноста опасна по живот:
Роберт Дауни Џуниор
Харизматичниот актер призна дека во одреден период од животот ја злоупотребил достапноста на недозволени супстанци.
Поминал речиси 16 месеци во затвор, 1 година на клиника за одвикнување, за конечно да може да ѝ се врати на глумата.
Иако доживеа светска слава со својата улога во Iron Man, свесен е дека зависноста му уништила многу добри прилики за одлични улоги и филмови.
Адел
Адел на почетокот на кариерата имала лоша навика да пие пред нејзините настапи, додека навиката не се претворила во проблем.
„Еднаш испив толку многу, што кога се качив на бина, ги заборавив текстовите на секоја можна песна. Тоа беше најлошата вечер во мојот живот.“
Во 2009-та Адел се откажала од зависноста бидејќи почнала да ѝ пречи на гласовните можности. Оттогаш е борец за здрав живот.
Анџелина Џоли
„Ја пробав речиси секоја дрога која постои. Тоа беа темни времиња за мене,“ во една прилика изјави најубавата жена во светот.
Џоли патела од анорексија и депресија, но тврди дека во времето кога ја снимала Лара Крофт, била чиста.
Потоа започна со основање на семејство и посвојување дечиња. Тогаш сфатила дека зависноста најлесно ја надминала затоа што имала луѓе за кои вреди да се живее.
Ентони Хопкинс
„Во младоста пиев многу бидејќи мислев дека алкохолот помага да се релаксираш, да се чувствуваш послободно, а со тоа и да бидеш подобар актер. Многу луѓе од мојата професија го мислеа тоа. И грешеа,“ вели 79-годишниот актер.
Кога еден ден се разбудил во автомобилот на сосема непознато место и не можел да се сети како стигнал таму, сфатил дека алкохолот за малку не го убил.
Денес, Хопкинс брои точно 41 година откако е целосно трезен.