10 познати жени кои некогаш биле мажи
- Детали
- петок, 22 септември 2017
Откако знаат за себеси, тие знаеле и дека не се мажи. Со други зборови, отсекогаш биле жени. А, по промената на полот, се вработиле како глумици и манекенки, започнувајќи еден сосема нормален живот.
Општествените осуди и негативните стереотипи и понатаму ги следат, но не можат да ја нарушат нивната храброст, цврста волја и талентот што го поседуваат, па секоја од нив е остварена личност во професијата со која се занимава. А, тие се:
1. Кендис Кејн
Американската актерка Кендис Кејн е родена во 1971 година на Хаваите. По завршување на средното училиште се преселила во Њујорк, каде дознала што значи да се биде трансродна личност, а сфатила дека и таа самата се вклопува во таа одредница.
Полот го променила во 1996 година, а благодарение на улогата во серијата „Dirty Sexy Money“, Кендис стана првата трансродна глумица која во играна програма се појавила во ударен термин.
2. Џејми Клејтон
Серијата „Sense8“ е исклучително популарна, па направи многу за кариерата на Џејми Клејтон, која во неа толкува една од главните улоги. Минатата година, оваа манекенка и глумица ја видовме во филмот „Neon Demon“, а наскоро во кината ќе биде прикажан и трилерот „The Snowmen“, каде оствари споредна улога.
3. Лаверн Кокс
На единаесетгодишна возраст, Лаверн Кокс се обидела да изврши самоубиство. Неколку години била жртва на насилство, бидејќи не се однесувала така како што се очекува од едно момче.
Во 43-тата година, пак, таа се најде на престижната листа на 100 највлијателни луѓе, според магазинот „Time“. Лаверн е и првата јавно декларирана трансродна глумица која е наградена со „Еми“. Најпознатата улога ја оствари во серијата „Orange Is the New Black“.
4. Џина Росеро
На една од TED конференциите, Џина Росеро изјави: „Сакам да го дадам најдоброто од себе, за да им помогнам на другите да ја живеат својата вистина, без срам и страв.“ Тогаш и првпат јавно призна дека го променила полот, што беше храбар потег за некој што за живот заработува како супермодел.
Покрај тоа што и понатаму позира пред фото-апаратите, Џина го одржа ветувањето дадено на конференцијата, па ја основаше „Gender Proud“, организацијата наменета за трансродните луѓе.
5. Трејс Лисет
Пред да добие епизодна улога во серијата „Law and Order: Special Victims Unit“, Трејс била фризер и шминкер. Денес, пак, најпозната е по улогите во сериите „Transparent“ и „Blunt Talk“.