Со кој пијалак Кортни Кардашијан ја одржува совршената линија?
- Детали
- четврток, 24 август 2017
Познатата американска ТВ ѕвезда, Кортни Кардашијан изгледа подобро од кога било, а тоа се должи на редовните тренинзи и здравата исхрана.
Најстарата сестра од семејството Кардашијан, која е мајка на три деца, многу внимава што внесува во организмот. Сите намирници од нејзиното мени се органски, а исхраната ѝ се базира на свежо овошје и зеленчук, риба и салати.
Неодамна, Кортни откри и како ја одржува нејзината совршена витка линија. Таа секој ден пие детокс-вода со краставица, лимон и ѓумбир кои го забрзуваат метаболизмот и истовремено го зајакнуваат имунитетот.
Погледнете го целиот рецепт и почнете и вие да го консумирате ако сакате да изгледате добро.
Потребни состојки:
- ½ краставица
- ½ лимон
- 2 свежи корени ѓумбир
- 1 лимета
- 10-12 свежи ливчиња нане
- малку хималајска сол
Подготовка:
Исечете ги краставицата, лимонот и лиметата на ситни парчиња, а ѓумбирот на коцки.
Сите состојки ставете ги во голем сад со вода и на крај додадете ги ливчињата нане.
Пијалакот консумирајте го во текот на целиот ден.
М. В. | Црнобело