Најскапите пластични операции на ѕвездите
- Детали
- понеделник, 21 август 2017
Пластичните операции и славните личности се две работи кои речиси секогаш одат заедно.
Тие не можат без нив, бидејќи така ги поправаат нивните недостатоци и несовршености за да изгледаат беспрекорно, а ние да им завидуваме.
Многу од нив се подготвени да платат огромна сума на пари за својата убавина, што сигурно не сте си ја ни замислиле.
Погледнете кои од нив се во листата на ѕвезди кои направиле најскапи пластични операции:
Блејк Лајвли – 7.300 долари (6.200 евра)
Освен што направила пластична операција на носот за да биде потенок, актерката направила и мала корекција на очните капаци за да не бидат толку спуштени.
Меган Фокс – 8.000 долари (6.800 евра)
Импланти на гради, полнење на уста, истакнување на јаболчниците и ботокс.
Ники Минаж – 11.500 долари (9.800 евра)
Белење на кожата, корекција на носот и силиконски импланти за зголемување на задникот.
Ким Кардашијан – 16.500 долари (14.000 евра)
Корекција на носот, импланти на задникот и градите.
Кејтлин Џенер – 60.000 долари (51.100 евра)
Пластичните операции на Кејтлин се протегаа по цело тело, но главна беше 10-часовната операција за феминизирање на лицето.
Крис Џенер – 70.000+ долари (над 60.000 евра)
Корекција на градите, ботокс, ласерска операција, филери и уште стотици мали корекции.
Деми Мур – 500.000 долари (425.000 евра)
Пластични операции по цело тело за затегнување на кожата и подмладување.
Кајли Џенер – 2 милиони долари (околу 2 милиона евра)
Од каде да почнеме...?
М. М. | Црнобело