Мишел Обама: „Барак цели 8 години носеше исто одело и никој не забележа“
- Детали
- среда, 07 јуни 2017
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во искрен разговор откри дека нејзиниот сопруг, Барак Обама, цели осум години додека беше претседател, го носел истото одело.
Мајката на две деца беше искрена и отворена за време на говорот на конференцијата на девелопери на Apple во Сан Хозе, Калифорнија, па потенцираше дека додека таа секогаш била фотографирана и критикувана за нејзината облека, никој не забележал дека Барак речиси секогаш го носел истото одело.
„Ова навистина не е фер. Без разлика што правевме, тој секогаш го одбираше истото одело.“ - појасни таа.
„Додека сите ме фотографираа за тоа што носам и какви чевли одбирам, никој никогаш не коментираше, а ниту пак забележа дека тој го носеше истото одело цели 8 години“ - додаде.
Н. Г. | Црнобело