25 тетоважи кои ги имаат ѕвездите и нивното значење
13. Деми Ловато
Деми направи нова тетоважа од две рози и зборовите „остани“, но сè уште не открила кое е значењето на тетоважата.
14. Руби Роуз
Актерката на грбот дури ги има и Pantone нијансите на бои за кои има изјавено: „Момци, продавниците за домаќинство штедат на хартија, па можете мене да ме повикате и да одберете боја која ви треба“.
15. Деми Ловато
23-годишната пејачка има и смајли на малиот прст чие значење е да ја потсетува дека животот е прекраток за да не го поминете во смеење.
16. Кајли Џенер
Црвената тетоважа на Кајли е посветена на нејзината баба. Всушност, со тетоважата е напишано нејзиното име и со нејзиниот ракопис.
17. Кајли Џенер
Кајли има уште една црвена тетоважа на која е напишано „лудило“.
18. Кендал Џенер
Кендал ја има можеби најмалата тетоважа која ќе ја видите - мала бела точка, во знак на тоа дека и најмалите работи можат многу да значат.
19. Селена Гомез
Селена има на арапски напишано на себе - „сакај се себеси најпрво“, а значењето е повеќе од очигледно.
20. Мајли Сајрус
Мајли првата тетоважа ја направи на 17 години веднаш под левата града - „само диши“. Тетоважата е направена во чест на нејзината пријателка Ванеса и двајвата дедовци кои починале од рак на бели дробови.
21. Ема Стоун
Ема Стоун има тетоважа на раката која е во чест на нејзината мајка.
22. Ванеса Хаџенс
„Недела дена пред да се родам, пеперутка слетала на стомакот на мајка ми и така решиле да ме крстат „Vanessa“, по латинскиот збор за пеперутка“ - изјави актерката за нејзината тетоважа.
23. Анџелина Џоли
На левата рака, Џоли ги има истетовирано сите координати од местата каде се родени нејзините деца и Бред Пит.
24. Ријана
Ријана е кралица на тетоважите, а на десната нога има истетовирано „Thug Life“.
25. Кара Делевињ
Моделот има истетовирано очи позади на вратот како потсетник дека секогаш се обидува да го погледне светот од поинаква перспектива.
Н. Г. | Црнобело