Ким Кардашијан ги прошета најискинатите фармерки кои постојат
- Детали
- среда, 11 јануари 2017
Ким Кардашијан изминативе месеци, после ограбувањето во Париз, немавме многу можности да ја видиме во јавноста или на социјалните мрежи. Но, неодамна заедно со сопругот, Канје Вест, излегоа на суши вечера во Беверли Хилс.
36-годишната ријалити ѕвезда за пригодата носи обичен црн дуксер и искинати фармерки со масивни дупки заради што, изгледаат како да се речиси обични кратки панталони.
Од нив се гледаат чипканите хулахопки кои делуваат како да се дел од самите фармерки.
Но, изборот на чудни фармерки не е нешто невообичаено за семејството Кардашијан.
Во 2014-та, Кортни Кардашијан беше опседната со масивни џебови кои се гледаат од кратките фармерки.
А, Кајли пак, во 2016-та беше опседната со пресеци на фармерките, но одзади близу задникот.
Останува прашањето, што е со фармерките на Ким? Нов тренд или само уште еден Кардашијан експеримент?
Н. Г. | Црнобело