Најубавите изјави на Џорџ Клуни за неговата сопруга Амал

Вчера ја прославија втората годишнина од брак, а во 2014-та најголемо изненадување беше што „вечниот ерген“ реши да се ожени по само неколку месеци врска.

najubavite-izjavi-na-george-clooney-za-negovata-sopruga-amal-01.jpg

Парот се венчаше во Венеција, на 27-ми септември 2014-та, а оттогаш па до денес Џорџ има споделено неколку романтични реченици за Амал.

За Hello магазинот: „Мојот коментар за господин и госпоѓа Клуни? Чувството е одлично!“

Џорџ за брзата и неочекувана венчавка: „Прилично брзо знаев дека сакам да го поминам животот со Амал.“

Во истото интервју: „Многу сум посреќен и имаме многу среќен заеднички живот. Уживам во проектите кои ги прифаќа, бидејќи тие имаат вистински последици врз светот.“

najubavite-izjavi-na-george-clooney-za-negovata-sopruga-amal-03.jpg

За тоа колку долго му требало да сфати дека Амал е жената за него: „Мислам дека после 3 дена знаев. Мислам, знаев уште кога ја запознав, бидејќи беше извонредна и посебна. Тогаш се прашував дали ќе имам некаква шанса за да бидам со неа.“

„Навистина ја сакам мојата сопруга - не можам да бидам погорд на она што го прави,“ гласеше еден одговор на Џорџ.

najubavite-izjavi-na-george-clooney-za-negovata-sopruga-amal-05.jpg

„Бидејќи таа е попаметна од мене, очигледно дека се решаваме со туркање на рацете. Тоа ми е единствената шанса да победам во било што, бидејќи ако е интелектуална битка, ќе загубам. Таа е поинтелигентната во семејството,“ се шегуваше на своја сметка.

najubavite-izjavi-na-george-clooney-za-negovata-sopruga-amal-07.jpg

Пред нивната свадба, Џорџ на една хуманитарна гала вечера изјави: „Претпоставувам дека она што би сакал да и го кажам на мојата идна сопруга Амал е - те сакам и не можам да дочекам да бидам твој сопруг.“

„Таа е прекрасна и има одличен стил - нема стилист или нешто слично, само излегува од гардероберот таква, се појавува и изгледа неверојатно. И тоа го прави додека паралелно води 11 случаи, буквално. Што значи, Амал е неверојатна жена.“

najubavite-izjavi-na-george-clooney-za-negovata-sopruga-amal-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg