Кејт Мидлтон доби конкуренција - Ова е шпанската принцеза Летиција Ортиз
- Детали
- вторник, 03 јуни 2014
Шпанската принцеза Летиција Ортиз е подготвена заедно со сопругот Фелипе да го преземат шпанскиот кралски трон. Народот ја сака, а таа со својата фигура, потекло и бујната коса, многу потсетува на англиската принцеза Кејт Мидлтон.
Пред да се омажи со Фелипе се познавале речиси 12 години. На 26 години се омажила за писателот и универзитетски професор по книжевност Алонсо Герера Перера.
На големо изненадување на сите, Кралската палата на 1 ноември 2003 година ја потврдила веста за венчавката на Фелипе и Летиција Ортиз. Церемонијата се одржала а 22 мај 2004 година во Мадрид.
Инаку, таа е родена на 15 септември 1972 година во Мадрид. Нејзиниот татко бил новинар, а таа го наследила како новинарка во информативната програма на националната телевизија, каде работела додека да стане член на кралското семејство.
Поради немањето кралско потекло, често била и осудувана и неприфатена од страна на некои луѓе, но она што е важно е дека таа е природна, спонтана и отворена, заради што народот ја сака и прифаќа.
Засега со Фелипе имаат 2 ќерки, а веќе почнува и притисокот дека како идно кралско семејство на тронот, треба да имаат и син наследник.
Летиција има стил, отменост и доволно гламур за да стои рамо до рамо со англиската принцеза. Дали ќе бидат сопернички или пријателки останува да оценат модните критичари и обичната публика која будно ќе го следи секое нивно појавување.
Запознајте го стилот на идната шпанска кралица: