44-годишната Џеј Ло - секси Бразилка во новиот спот со Питбул
- Детали
- четврток, 13 февруари 2014
До пред само неколку дена Џенифер Лопез на Мајами го снимаше своето видео за Adrenalina заедно со Рики Мартин, а веќе во вторникот беше “уловена” како секси Бразилка во друштво на Питбул.
44-годишната латино заводничка во Флорида го снимаше најновиот спот за песната која оваа година ќе биде химна на Светското фудбалско првенство.
Во придружба на Питбул и Клаудија Леите, Џеј Ло изгледаше како да е дел од колоритен карневал во Рио, облечена во тесни шорцеви и лежерна маичка со весел принт.
Вториот изглед кој не помина незабележано беа шорцевите со ацтеки принт и белата кратка маичка, надополнета со многу златен накит и високи потпетици со школки.
Судејќи по првите фотографии, ова лето не очекува уште еден егзотичен хит од Џеј Ло насловен како „We Are One (Ole Ola)“: