Детали за смртта на ѕвездата (39) од Gossip Girl: Компликации по трансплантација на црн дроб, се борела со алкохолизам
На нејзините Инстаграм објави, актерката делуваше послабо од вообичаено, па бројни фанови ја прашуваа дали е можеби болна или направила пластична операција.
Таа одговори на гласините со Инстаграм фотка објавена во јануари минатата година:
„Забавен факт. Ова е моето лице. Не сум неисхранета, немам проблеми. Зошто мора да ширите омраза?“
Набрзо потоа сподели уште една фотка, со опис:
„Периодов добив неколку коментари за мојот изглед. Никогаш не сум направила пластична операција, среќна сум и здрава“.
За TMZ, извори блиски до актерката велат дека таа имала трансплантација на црниот дроб.
Изворите тврдат дека актерката имала проблеми со алкохолизам и затоа ѝ била потребна операцијата. Но, веројатно настанале компликации.
Засега се чекаат резултати од обдукцијата кои ќе покажат која е точната причина за нејзината смрт.
Притоа, веста за трансплантацијата на црн дроб не е официјално потврдена.
Неполна недела пред смртта, актерката била во ресторан во Њујорк и еден од вработените вели дека изгледала многу лошо.
„Изгледаше како да е многу болна. Беше слаба, не можеше да се симне по скалите. Не беше во добро расположение.
Морничаво е што сега е мртва бидејќи беше овде минатата недела. Само што дознавме за нејзината смрт и многу е тажно“.
Од 2020 година, Мишел беше во врска со Џеј Коен кој работи како агент за таленти во една од најстарите агенции во Холивуд.
Тој е и продуцент, а има и две ќерки од друга жена.
Не е познато како се запознале или кога ја почнале врската со Мишел бидејќи и двајцата се трудеа да ја скријат од јавноста.
Заедно не се појавиле на настан, но повремено споделуваа заеднички фотографии.
Како што веќе спомнавме, Џеј изјави дека ни тој, ни семејството на Мишел немаат намера да ја коментираат трагичната смрт на актерката.
Во меѓувреме, славните се простуваат од актерката.
Се огласи и Блејк Лајвли, нејзината колешка од Gossip Girl, со фотка на Инстаграм Стори и емотивен опис:
„Ова е денот кога ја запознав Мишел. Беше како струја. Се познаваше кога влегла во просторијата бидејќи се менуваше вибрацијата. Што и да правеше, даваше 200%.
Најмногу се смееше на туѓите шеги, им се спротивставуваше на авторитетите кога сметаше дека нешто е погрешно, многу се грижеше за нејзината работа и беше горда да биде дел од оваа заедница и индустрија…
Беше многу лојална на нејзините пријатели и храбра за оние што ги сака…
Држете ги до вас оние што ги сакате. Светот загуби чувствителна и добра личност со Мишел.
Нека нејзиното големо срце биде запомнетo од оние кои имале среќа да го искусат нејзиниот оган“, пишува на објавата, меѓу другото.
Ед Вествик, познат како Чак Бас од истата серија, сподели фотографија од Мишел, со краток опис:
„Тажно е да слушнам за смртта на Мишел, испраќам молитви“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





