Бен Афлек со бившата Џенифер Гарнер, Пи Диди зад решетки: Холивудските ѕвезди го прославија Денот на благодарноста (фото)
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
Бен Афлек во друштво на бившата Џенифер Гарнер им даваше храна на бездомни лица, додека Софија Вергара уживаше на Карибите – како холивудските ѕвезди го прославија Денот на благодарноста?
Вчера (28.11) Американците го славеа Денот на благодарноста кој е еден од најзначајните празници во САД.
Голем дел од најпознатите ѕвезди кои живеат во САД го славеа празникот, а многумина споделија фотки од прославата и честитки до нивните фанови.
Повеќето прославија во кругот на семејството, а некои го искористија денот и за да направат добро дело.
Како холивудските ѕвезди го поминаа Денот на благодарноста?
Брус Вилис прослави со семејството, а ќерка му Талула сподели фотка на која актерот позира со неа и другата ќерка Скаут.
Во рака, актерот држи натпис „најдобриот татко на сите времиња“.
Бен Афлек го искористи денот за добротворна работа, заедно со бившата сопруга Џенифер Гарнер.
Во друштво на нивните деца, Џенифер и Бен делеа храна на бездомници во Лос Анџелес, во склоп на акција на добротворната организација Midnight Mission.
Актерите беа во одлично расположение, а според некои присутни, работеле повеќе од три часа.
Џеј Ло, од друга страна, беше забележана во Лос Анџелес.
Потоа, пејачката објави фотка на која позира сама со печена мисирка, но не откри со кого го прославила празникот.
Џесика Алба и сопругот Кеш Ворен беа на одмор во Мексико.
Со нив беа нивните ќерки кои се на возраст од 13 и 16 години.