Глумеше 3 близначки во серијата „Љубовни врски“, беше во врска со милионер – Како изгледа денес актерката Лусеро?
- Детали
- недела, 31 март 2024
Ја помниме по серијата што ја сними кога имаше само 26 години. Денес е веќе во 6-тата деценија од животот, зад себе има еден брак и една долгогодишна врска со милионер. Како изгледа мексиканската актерка Лусеро, која ја помниме од серијата „Љубовни врски“?
Македонската публика имаше можност да ја запознае актерката и пејачката Лусеро, кон крајот на 90-тите преку хит серијата од тоа време „Љубовни врски“, каде ги толкуваше улогите на три сестри близначки: Марија Гвадалупе, Марија Фернанда и Марија Паула.
Во втората половина од 90-тите години на минатиот век, оваа серија беше хит затоа што се емитуваше набрзо по завршувањето на „Касандра“, а кај нас владееше вистинска „треска“ по сите латино-американски серии што се емитуваа.
Оттогаш се поминати речиси 30 години, но сите се сеќаваме на актерката која имаше препознатлив тик со веѓата додека го толкуваше ликот на главната негативка во серијата, Марија Паула.
Во продолжение неколку интересни факти за актерката која играше три улоги во серијата:
Лусеро Хогаза Леон, попозната само како Лусеро, беше првата актерка која во далечната 1995-та година, благодарение на специјални ефекти, толкуваше три различни улоги (на 3 сестри близначки) во серијата „Љубовни врски“ и успеа за брзо време да ја освои како мексиканската, така и светската публика.
Во тоа време таа имаше 26 години и македонската публика ја помни како изгледаше во тоа време.
Во серијата таа играше заедно со уште тројца популарни актери од тоа време: Луис Хозе Сантандер, Орландо Мигел и Хуан Мануел Бернал.
Во родното Мексико, Лусеро е позната пејачка и актерка, а иако во еден период се откажа од актерството, никогаш не се откажала од музиката.
Таа ја започнала кариерата уште на 10 години кога била дел од детска програма на мексиканската телевизија Televisa.
Две години откако ја снимила серијата „Љубовни врски“, Лусеро стапила во брак со пејачот Мануел Михарес. Нивната свадба била толку голем настан што била јавно пренесувана на мексиканските телевизии.
Парот се запознал уште во 1987-ма година кога заедно работеле на филмски проект, но нивната љубов се родила цели десет години подоцна.