Забавни, емотивни и чудни моменти од доделувањето на Еми награди 2024
Актерот Пол Волтер Хаусер победи во категоријата „Најдобра споредна машка улога во мини антологиска серија“.
Кога беше прогласен за победник, стави голема количина храна во устата, се качи на сцената, па почна да рапува.
Paul Walter Hauser wins the award for Supporting Actor - Limited Anthology Series or Movie at the #Emmys pic.twitter.com/tjRLaXe6tv
-->— The Hollywood Reporter (@THR) January 16, 2024
Џенифер Кулиџ освои статуетка за улогата во The White Lotus, па бидејќи малку го развлече говорот, на шеговит начин ѝ рекоа да се тргне од сцената.
“I wanna thank all the evil gays!!!”
— Spencer Althouse (@SpencerAlthouse) January 16, 2024
—Jennifer Coolidge winning her second Emmy for The White Lotus lol pic.twitter.com/D6CqNEIZiK
Тревис Баркер ги покажа тапанарските способности за време на почетниот монолог на водителот Ентони Андерсон.
Travis Barker makes an appearance during Anthony Anderson's opening performance at the 75th #Emmys pic.twitter.com/ETO3HQkFhz
— The Hollywood Reporter (@THR) January 16, 2024
Но, многумина не беа најсреќни што тој присуствува на доделувањето, па и тоа со неговата сопруга Кортни која нема допирна точка со филмската индустрија.
„Тревис Баркер на Еми? Оди си дома“.
Travis Barker at the emmys? #Emmys2024 pic.twitter.com/rfflHypwTZ
— Sean (@sean2637) January 16, 2024
Пред настанот имаше гласини дека на сцената ќе се појават актерите од Friends за да му оддадат почит на починатиот колега Метју Пери.
Ова не се случи, но организаторите сепак направија мал сегмент за него.
Пејачот Чарли Пут ја отпеа песната од серијата – I’ll Be There for You – а на екранот на сцената се појави фотографија од актерот.
They showed Matthew Perry last in the tribute @ #TheEmmys 😭 pic.twitter.com/y3JC2eOI2v
— N△NCY L (@xonancy) January 16, 2024
Спирова С. | Црнобело