Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот што ја одбележаа 2023
Фотките на Никола Пелц до Дејвид Бекам
Никола Пелц сакаше да му честита на успехот на својот свекор Дејвид Бекам, по премиерата на неговиот документарец Beckham на Нетфликс, но стана мета на критики заради фотографиите со кои го направи тоа.
Според многумина, фотографиите на кои таа позира со сопругот Бруклин беа крајно некултурни и вулгарни и воопшто не се пример за тоа какви фотографии треба да се посветат на свекорот.
Дејвид Бекам за првпат јавно призна дека ја изневерил Викторија
Дејвид и Викторија Бекам за првпат по 20 години јавно проговорија за неговата афера со асистентката Ребека Лус.
Викторија призна дека го презирала Дејвид во тој период, а набрзо потоа својата верзија ја сподели и самата асистентка која рече дека го фатила фудбалерот како ги изневерува и двете со друга девојка.
Парис Хилтон доби две деца во една година од сурогат мајка
Парис Хилтон на почетокот на годината го доби синот Феникс, од сурогат мајка, а во ноември соопшти дека добила и ќерка, на која ѝ го даде името Лондон.
Иако самата вели дека е пресреќна затоа што започна нова етапа во животот, на социјалните мрежи богатата наследничка повеќепати беше на удар на критики.
Прво ја советуваа да води повеќе сметка за здравјето на нејзиниот син, затоа што бебето има голема глава, а потоа ја обвинија и дека купува бебиња како чевли, само затоа што има пари и може.
Канје Вест со спуштени пантолони во Венеција
Во текот на целата година, Канје Вест беше топ тема затоа што со неговата сопруга Бјанка Сенсори се шетаа со скандалозни аутфити, па дури имаше и обвинувања дека треба да бидат казнети од италијанските власти заради недолично однесување.
Најголема кулминација беше кога Канје беше снимен со спуштени панталони на гондола во Италија и многумина веруваа дека парот имал секс во јавност среде бел ден.
Свадбата на Марк Ентони и Надја Фереира со која го доби седмото дете
Поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Ентони, годинава стапи во брак со 30 години помладата сопруга Надја Фереира, а набрзо по свадбата соопштија дека наскоро треба да станат родители.
Во јуни годинава тие го добија своето прво заедничко дете, а седмо за латино пејачот.
Б. С. Б. | Црнобело