„Ми недостасува тато“ – Ќерката на Брус Вилис упати емотивна порака на социјалните мрежи
- Детали
- среда, 22 ноември 2023
„Тешко е кога ти недостасува некој кој сѐ уште е тука. Деменцијата е сурово чудовиште“ – стои во коментарите до емотивната објава што ќерката на Брус Вилис, Румер ја објави на социјалните мрежи. Каква е состојбата на филмската легенда која боледува од афазија и деменција?
Здравствената состојба на актерот Брус Вилис (68) во последните неколку месеци значително е влошена.
Познато е дека актерот страда од афазија и деменција, а според соопштенијата од неговото семејство болеста напредува побрзо од очекуваното.
Блиски извори до актерот пред извесен период изјавија дека Брус веќе има потешкотии и со говорот и дека мошне тешко му оди комуникацијата со другите.
Неговиот пријател Глен Гордон Карон во изјава за медиумите вели дека бил да го посети, но воопшто не бил во можност да разговара со него.
„Чувствувам дека во првите 3 минути знае кој сум. Но, повеќе не може да разговара. Порано сакаше да чита многу, но веќе тоа не го прави.
Сепак, иако веќе нема можност за комуникација, тој сѐ уште е Брус. Кога си со него, благодарен си што е тука, но неговиот темперамент го нема“ – изјави тој.
Неговата сопруга Ема Хеминг во едно интервју рече:
„Во моментов сфаќам дека деменцијата е мошне тешка. Тешко е и за личноста што боледува од неа, но и за семејството.
И, не постои никаква разлика за Брус, за мене или за нашето семејство. Кога ќе кажат дека болеста го погодува целото семејство, тоа навистина е така“ – изјави таа.
На социјалните мрежи се огласи и неговата ќерка Румер Вилис од бракот со Деми Мур, која објави фотка на која имаме можност да го видиме актерот во времето кога беше главна ѕвезда на филмовите „Die Hard“, а таа е мало девојче.
„Навистина ми недостасува тато денес“ – напиша таа до фотката.
Таа доби голем број коментари за поддршка и сочувство до нејзината објава.
„Прегратки. Навистина е чудно и тешко кога ти недостасува некој кој сѐ уште е тука. Деменцијата е сурово чудовиште“ – стои во еден од коментарите.
Инаку, на почетокот на овој месец дел од светските медиуми објавија дека Брус сѐ побрзо ја губи меморијата и веќе не ја препознава својата прва сопруга Деми Мур.
Прочитајте и Тој сакал да ја претвори во домаќинка, таа за инает прифаќала улоги – Зошто се развеле Брус Вилис и Деми Мур?
Б. С. Б. | Црнобело