Роберт Патинсон конечно среќен - Бившата јавно го изневери, со сегашната 4 години ја криеше врската и сега ќе стане татко
- Детали
- понеделник, 20 ноември 2023
По скандалот со Кристен Стјуарт и брзата свршувачка со пејачката FKA Twigs, Роберт Патинсон си ја научи лекцијата, па цели 4 години се трудеше да го крие приватниот живот од јавноста. Конечно се знае дека актерот ќе стане татко, а тој и неговата девојка се пресреќни.
Актерот Роберт Патинсон многумина го запознаа благодарение на неговата улога во хит-серијалот „Twilight“, каде го играше убавиот вампир Едвард, а освен што привлекуваше внимание со својот талент, актерот во тој период беше топ тема и заради врската со неговата колешка Кристен Стјуарт.
Но, нивната врска заврши по јавниот скандал, кога беа објавени фотографиите на кои се гледа како Кристен го изневерува со режисерот на филмот Snow White and the Huntsman, Руперт Сандерс.
Аферата на Кристен беше шок за големиот број обожаватели, најмногу за самиот Роберт Патинсон кој иако првично ѝ прости за аферата, врската сепак не успеа да опстане и се разделија по само 2 месеци.
Во целата приказна Кристен беше оцрнета, а многумина актерот го гледаа со сожалување.
Прочитајте и Го изневери бившиот со оженет маж, сега се сврши со девојка – Факти за љубовниот живот на Кристен Стјуарт
Но, ова не беше доволно за Роберт да почне да го крие својот приватен живот.
Во 2014-та тој започна врска со пејачката FKA Twigs, па се дозна дека по само неколку месеци, тој избрзал и ја запросил.
Парот заедно купи куќа, а беа во врска околу 3 години. Во 2017-та година се разделија, а како причина ги наведоа напнатите распореди, но неофицијално кружеа гласини дека актерот ја изневерил пејачката по што одлучил да стави крај.
Пејачката, пак, во 2021-ва тврдеше дека во периодот додека била во врска со него, трпела страшен расизам:
„Тој беше нивниот бел принц од бајките и тие сметаа дека тој треба да биде во врска со некоја бела девојка и русокоса, а не со мене“ – рече таа.
Од 2018-та година Роберт ја започна врската со Суки Вотерхаус, а во една пригода откри дека таа му помогнала да ја промени својата перцепција за филмовите со суперхерои и влијаела врз тоа тој да ја прифати улогата на Бетмен.
Иако Роберт и Суки се долго време заедно, парот за првпат се појави заедно на настан во декември минатата година, а на прашањето зошто не сака да зборува за нивната врска, Роберт во една пригода рече:
„Ако пуштите други луѓе внатре, тоа ја разорува смислата на љубовта... Ако некој непознат на улица ве праша за вашата врска, ќе сметате дека тоа е екстремно некултурно. Сѐ се завршува подобро кога ќе изградите ѕид околу себе“.
Пејачката и актерка неодамна присуствуваше на фестивал во Мексико, каде соопшти дека е бремена со нивното прво заедничко бебе.
„Мислев дека ако облечам нешто со светки, нема да забележите што ми се случува во животот. Не сум сигурна дека ми успева“ – рече таа, а откако ја соблече јакната сите го забележаа нејзиниот труднички стомак.
"I thought I’d wear something sparkly to distract you from something else I’ve got going on... i’m not sure it’s working”
— suki waterhouse archive (@bestsukiw) November 19, 2023
Suki Waterhouse announcing that she’s pregnant today at Corona Festival! 🤰🏼💕pic.twitter.com/MhZEkCJVgb
Според извори блиски до парот, Роберт и Суки се пресреќни што наскоро ќе станат родители, а тие двајца планираат и понатаму својата љубов да ја чуваат подалеку од очите на јавноста.
За потсетување, Суки беше во врска со Бредли Купер, кога тој имаше 40 години, а таа 23. Откако тој ѝ раскина и започна врска со Ирина Шајк, таа тврдеше дека останала со скршено срце.
Прочитајте и Првиот брак му траел само 4 месеци – Со кои 7 убавици се забавуваше Бредли Купер пред Ирина Шајк?
Б. С. Б. | Црнобело