„Како сама да си ставала ботокс“ – Свршеницата на Џеф Безос исмеана заради фотосесијата за Vogue
- Детали
- вторник, 14 ноември 2023
„Извинете, но на овие фотки Џеф изгледа посимпатично“ – стои во еден од коментарите што се најдоа под фотографиите на Лорен Санчез објавени во магазинот Vogue. Свршеницата на милијардерот даде обемно интервју каде зборуваше за љубовната приказна со Џеф Безос.
Основачот на Амазон во мај годинава ја запроси својата свршеница со розов дијамант, а деновиве приредија и забава по повод свршувачката на која присуствуваа голем број познати личности.
Опра Винфри, Ким Кардашијан, Барбара Стрејсенд, Крис Рок, Салма Хајек... Ова се само дел од познатите личности што се појавија на забавата, каде Џеф имал долг и емотивен говор посветен на неговата свршеница.
Во интервјуто за Vogue, пак, Лорен Санчез зборува за моментот кога Џеф ѝ го дал свршеничкиот прстен, па рече дека кога тој ја отворил кутијата, таа за малку се онесвестила.
Се проценува дека свршеничкиот прстен што го добила вреди околу 2,5 милиони долари, а таа откри дека во моментов сѐ уште се двоумат за свадбата и не знаат дали ќе прават голема забава и дека сѐ уште дискутираат за локацијата.
Но, она што наиде на најголем број критики и негативни коментари се фотографиите на Лорен и Џеф за фотосесијата на Vogue.
На една од фотографиите Лорен и Џеф позираат заедно прегрнати во стар камионет и токму ова е фотографијата што стана хит на социјалните мрежи.
„Изгледа како сама да си ставала ботокс на усните, откако испила половина шише текила“;
„Може да престанете да ги фалите мажите што си ги изневеруваат сопругите за да ги направт славни љубовниците“;
„Брат, да не се жениш за маж?“;
„Зошто на момент помислив дека го гледам Стивен Тајлер?“;
„На толку пари не можеше да најдеш поубава жена?“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело