Имал тројка со проститутки - Фудбалерот Вејн Руни ја тревожи сопругата со скандалите, но таа му простува постојано
- Детали
- четврток, 09 ноември 2023
Покрај блескавата фудбалска кариера, Вејн Руни е познат и по бројните скандали – неколкупати е фатен како посетува проститутки, и тоа додека неговата сопруга беше бремена, а еднаш бил и уапсен на аеродром бидејќи бил премногу пијан. Сега, неговата сопруга отворено зборува за тоа како се чувствувала, но и зошто му простила сè.
Вејн Руни, еден од најпознатите фудбалери во светот, во минатото се најде среде огромен скандал откако се дозна дека посетувал проститутки.
Сега, неговата сопруга првпат прозборе за неверствата на фудбалерот, но и срамот што го чувствувала.
Инцидентот се случил во 2002 година, кога фудбалерот на само 16-годишна возраст посетувал проститутки.
Вејн и сопругата Колин Руни се запознале на 12-годишна возраст, а ја почнале врската откако наполниле 16.
Овој период фудбалерот почнал да привлекува внимание во Англија, но почнал и да оди кај проститутки.
Најпрво тој платил околу 150 евра за една проститутка, на која наводно ѝ оставил и автограм како сувенир.
Следниот месец имал односи со 37-годишна, но и 48-годишна проститутка.
Фудбалерот бил забележан како го посетува истиот бордел најмалку 10 пати, а јавноста дозна за неговите „авантури“ во 2004-та.
Тогаш дознала и сопругата:
„Приказната беше дека кога имал 16 години, посетувал проститутки во салон за масажа во Ливерпул. Кога ми кажа дека тоа е вистина и дека приказната ќе се појави во медиумите, бев збунета и повредена.
Не можев ни да зборувам со него. Уште повеќе, се чувствував засрамена“, пишува Колин.
„Сите знаеја и се чинеше како сите да имаа мислење за скандалот. Сè ми изгледаше како ужасен сон, не можев да одлучам што е најдобро или што сакам.
Мал глас во мене ми велеше да не избрзувам и да не донесувам одлуки додека сум гневна. Срцето ми се кршеше што се справував со нешто такво, имав само 18 години. Бев разочарана и збунета, не знаев што да мислам или како другите ќе реагираат.
Не бев сигурна што чувствувам за Вејн. Исто така, знаев дека инстинктот на моето семејство ќе биде да ме заштити и како и да пробував да ја свртам приказната, не изгледаше добро“, пишува Колин.
Колин сепак решила да ја ислуша страната на фудбалерот пред да одлучи што ќе прави.
Во отворен разговор, Вејн ѝ кажал дека навистина посетувал проститутки, и тоа неколкупати, но дека некои детали сепак биле измислени.
По ова, решиле да одат на патување и да се држат понастрана од јавноста додека да одлучат што понатаму.