Имал тројка со проститутки - Фудбалерот Вејн Руни ја тревожи сопругата со скандалите, но таа му простува постојано
По неколку недели, Колин решила да го прифати извинувањето на фудбалерот.
„Тој беше свесен колку е лоша ситуацијата, колку е погрешна. Гледаше во подот додека ми кажуваше колку лошо се чувствувал што ме ставил во таква ситуација. Јас, секако, бев бесна и наредните неколку денови жестоко се расправавме.
На крај, прифатив дека тоа сепак се случило одамна. Повеќе не бевме деца, а Вејн повеќе не се обидуваше да ги импресионира колегите.
Но, ако откриев дека имал афера или ако ми кажеше дека сакал некоја друга, тоа не би можела да го преболам“.
Парот се венча во 2008 година, но во 2010-та фудбалерот повторно посетувал проститутки.
Наводно, плаќал над 1.200 долари за елитна проститутка, и тоа додека сопругата била бремена со нивното прво дете.
Следната година, се појави уште еден скандал со проститутки. Наводно, овој пат фудбалерот имал тројка. Приказната ја откри една од проститутките која тврдеше дека штом завршиле, фудбалерот се каел.
Колин му го простила и ова.
Во книгата, таа пишува и за проблемите со алкохол на фудбалерот, истакнувајќи дека скандалот со проститутките им ја зајакнал врската и ги подготвил за другите проблеми.
„Кога Вејн имаше проблеми, излегуваше да пие и со тоа ја влошуваше ситуацијата… За Вејн, алкохолот честопати беше негова пропаст.
Многупати, кога нешто го мачи, оди да пие. Наместо да каже што го мачи и да се ослободи од товарот, тој го потиснува“.
Колин истакнува дека на фудбалерот некогаш му е тешко да се контролира кога пие.
Неодамна, и самиот Вејн прозборе за проблемите со алкохолот во интервју:
„Во раните 20-ти, по неколку денови не излегував од дома и пиев додека не изгубев свест. Не сакав да бидам околу луѓе бидејќи некогаш се чувствував засрамено, а некогаш се чувствував како да сум ги разочарал.
Не знаев како да се справувам (со проблемите), па го избрав алкохолот“.
Еднаш фудбалерот беше и уапсен на аеродром бидејќи бил многу пијан.
Наводно, искомбинирал алкохол со апчиња за спиење и кога слетал на аеродромот едвај зборувал и не можел да стои, па го уапсиле.
И покрај бројните скандалите, Колин останува покрај својот сопруг со кого има четири деца.
Спирова С. | Црнобело