Ким без градник во топ од кристали, Ешли Греам по гаќи и градник: Славните дами на Swarovski настан во Њујорк
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
Ким Кардашијан се појави на настан без градник во топ и здолниште изработено од кристали. Ешли Греам носеше целосно проѕирен фустан, а моделот Индија Мур само интимните делови ги прекри со кристали. Кои славни дами се појавија на настанот на Swarovski во Њујорк?
Ким Кардашијан го украде вниманието откако на настан во Њујорк се појави целосно гола, а на себе носеше само топ и здолниште изработени од Swarovski кристали.
Без градник и со целосно гол грб Ким успеа да го украде вниманието кај присутните, но и кај фотографите.
Kim Kardashian at the Swarovski X SKIMS launch. pic.twitter.com/bjJtcXn9JX
— Pop Crave (@PopCrave) November 8, 2023
На настанот освен Ким, беше присутen и плус-сајз моделот Ешли Греам. Taa ги покажа своите облини во проѕирен фустан, под кој се гледаше нејзината долна облека.
📸 | Ashley Graham attends #Swarovski x #SKIMS collection. pic.twitter.com/0k3ROWWub5
-->— brei gonzalez (@breigonzalez01) November 8, 2023
Гвинет Палтроу, пак, зрачеше со елеганција во белиот фустан, што го надополни со синџири и ѓердан од кристали.
Ема Робертс се појави во целосно црн аутфит, со спандекс комбинезон и изгледот го надополни со накит и ремен од кристали.
Додека моделот Индија Мур се појави во целосно проѕирен фустан, а интимните делови ги прекри само со кристали.
Повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело