Најбурните разводи на регионалните и светските ѕвезди
Џони Деп и Амбер Херд
Веруваме дека не треба да ви раскажуваме како заврши бракот на Џони Деп и Амбер Херд.
Јавноста будно го следеше нивното судење каде што Амбер го обвинуваше Џони за насилство, додека Џони изнесе дури одвратни детали од нивниот брак и ја судеше за клевета.
На крај, актерот го доби спорот, а Амбер си ја уништи репутацијата, но се чини и кариерата.
Гоца Тржан и Иван Маринковиќ
Гоца Тржан и поранешниот сопруг Иван Маринковиќ се разведени уште од 2011 година, но не престануваат да се „препукуваат“.
Се разведоа по четири години брак, а тогаш Гоца изјави дека Иван ги прокоцкал сите пари што таа ги заработувала и побарала развод.
Иван, од друга страна, тврдеше дека ја фатил со друг маж, па затоа побарал развод.
Последно, во октомври годинава, Гоца во емисијата „Магазин ИН“ го спомна бившиот нарекувајќи го „најголемата грешка во животот“.
Иван, пак, не молчеше и ѝ упати груби зборови, па ја нарече и „стара“.
Хајди Клум и Сил
Во 2012 година, Хајди Клум и Сил открија дека ќе се разведуваат, наводно поради „ненадминливи разлики“ помеѓу нив.
Разводот го финализираа во 2014-та и не се напаѓаа во јавност.
Но, додека да го финализираат разводот, Сил дознал дека Хајди Клум се гледала со нејзин телохранител.
Се појавија гласини и дека токму оваа афера е причина за разводот, но гласините не беа потврдени.
Сил, пак, изјави дека штом Хајди „блудничела“ со „помошниците во куќата“, тогаш била жена без никаква класа.
Ова, секако, ги разгневи фановите на Хајди, најмногу бидејќи гласините за аферата не беа потврдени.
Спирова С. | Црнобело