Најбурните разводи на регионалните и светските ѕвезди
- Детали
- сабота, 11 ноември 2023
Иако се разведоа пред 11 години, Гоца Тржан и Иван Маринковиќ до денес се „препукуваат“ преку социјални мрежи, но и интервјуа. Последно, Гоца го нарече Иван „најголема грешка во животот“, а тој не остана должен и ѝ рече дека е стара.
Разводите се доста честа појава во светот на славните, а бидејќи во прашање се и големи суми пари, а неретко и деца, разделбата може да биде многу бурна.
Некои славни парови на мирен начин се договараат, но дел од нив „се влечат“ и по судови.
Бурни разводи на светските и регионалните ѕвезди:
Кети Пери и Расел Бренд
Периодов Расел Бренд се соочува со обвиненија за силување и сексуално малтретирање, но изгуби бројни фанови уште по разводот од Кети Пери.
Пејачката и комичарот почнаа да се гледаат во 2009-та, а се венчаа четири месеци подоцна.
Нивниот брак траеше едвај 14 месеци, а комичарот ѝ кажал на Кети дека ја остава преку СМС-порака, и тоа на Нова година.
Тој поднел барање за развод, а како причина навел „ненадминливи разлики“ помеѓу нив.
Подоцна, во 2013-та, Кети откри дека бракот со Расел бил далеку од убав.
„Тој е паметен маж и бев вљубена во него кога се венчавме. Кога го запознав, тој сакаше девојка еднаква на него, и сметам дека многу мажи го сакаат тоа, но кога имаат таква девојка не можат да се справат со еднаквоста.
Расел не сакаше кога јас бев шеф за време на моите турнеи. Ова ме повреди и тој сакаше да ме контролира. Не сум во контакт со него од ноќта кога преку порака ми кажа дека сака да се разведеме“.
Горан Иванишевиќ и Татјана Драговиќ
Разводот на поранешниот хрватски тенисер и неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ не остана незабележан.
Тие се разделија во 2013-та и уште тогаш ги полнеа медиумите со поделбата на нивниот имот.
Во октомври годинава, пак, тенисерот ја тужеше поранешната сопруга, но и нивната ќерка. Во тужбата изјавил дека бара половина од луксузниот стан што поранешната сопруга ѝ го подарила на нивната ќерка.
Истовремено, тој веќе не сакал да плаќа алиментација бидејќи ќерка му има 20 години.
Со негови зборови, само сакал да го добие тоа што му припаѓа нему.
Алек Болдвин и Ким Бесинџер
Алек Болдвин и Ким Бесинџер се разведоа по девет години заедно, а битката за старателство над ќерката Ирланд беше навистина жестока.
Она што ги разгневи фановите е неговиот однос кон ќерка му.
Во 2007-ма, кога Ирланд имаше 11 години, во јавноста се појави снимка од телефонски разговор со Алек.
Односно, актерот оставил порака на нејзиниот телефон изјавувајќи:
„Немаш мозок или достоинство на човек. Не ми е гајле што си 12 или 11 години или што си дете.
Ќе ти покажам што навистина мислам за тоа што си мало прасе. Ти си неучтиво, мало прасе“.
Откако снимката се појави во јавноста, актерот се извинуваше, но неговата репутација веќе беше уништена.