„Ужасно е“ - Мег Рајан со изобличено лице поради лоши процедури за разубавување
- Детали
- вторник, 07 ноември 2023
Иако упорно негира дека направила нешто на лицето, со секое ново појавување, Мег Рајан изгледа сè поразлично, а резултатите од лошо изведените процедури за разубавување веќе се повеќе од очигледни. Колку се промени актерката низ годините?
По осум години пауза, Мег Рајан има нов филм, но наместо филмот, многу повеќе внимание привлече изгледот на актерката.
61-годишната актерка упорно негира дека има направено каква било процедура на лицето, но разликата е повеќе од очигледна, и тоа не само поради нејзината возраст.
Во новиот филм, лицето на Мег изгледа малку потечено, а резултатите од лошите процедури се уште повоочливи на папарацо фотки.
На премиерата на филмот на 30-ти октомври годинава, Мег е непрепознатлива.
Па, покрај критиките за филмот, од фановите се соочи и со критики за изгледот.
„Одлично е што Мег се врати, но Боже, посакувам да не си го допираше лицето“.
„Ја сакам Мег, но што се случи со нејзиното лице? Беше преубава, со големи експресивни очи“.
„Никогаш нема да си направам што било на лицето. Се плашам дека ќе изгледам како жаба. Сите жени до Холивуд изгледаат така по одреден период. Земете ја за пример Мег Рајан. А, колку беше убава“.
Поради драстичната промена во изгледот, за New York Post се огласи и пластичен хирург кој соработува со познати личности – доктор Сем Ризк.
Според него, Мег не само што има направено безброј процедури, туку отишла и кај неискусен лекар.
„Ужасно е. Мислам дека имала лош лифтинг – ѝ го направиле во погрешна насока. Показател е нејзината уста. Кога беше помлада, нејзината уста беше помала. Сега е двојно поголема.
Единствениот начин да си ја зголемите устата кога стареете е да ви направат страничен лифтинг. Има и филери во устата. Не ѝ ги ставиле како што треба, па поради нив изгледа уште полошо“.
Летово, Мег Рајан, која извесен период не се појавуваше во јавност, исто така ги шокира фановите со изгледот.
Актерката присуствуваше на проекција на документарец на актерот Мајкл Џ. Фокс.
И додека многумина ѝ се восхитуваа за поддршката што му ја дава на колегата кој се бори со Паркинсонова болест, коментарите за нејзиниот изглед не изостанаа.
Мег изгледаше дури полошо отколку сега – образите ѝ беа отечени, а очите позатворени и со различна големина.
Притоа, на лицето речиси и да немаше брчки.
Мег отсекогаш ги избегнувала прашањата за пластичните операции, и покрај очигледните разлики во изгледот.
Но, бројни пластични хирурзи ги имаат споделено своите претпоставки и повеќето се согласуваат дека има ставано ботокс и филери, како и дека претерала со лифтинг.