Поранешна асистентка го тужи Роберт де Ниро – Ја терал да влегува во тоалетот со него, ѝ се јавувал додека уринирал

Адвокатот на асистентката изјавил дека додека Робинсон била на погреб кај член од семејството, актерот упорно ѝ ѕвонел, и тоа за бизарна причина – да му купи автобуски билет на неговиот син.

Актерот не го негирал ова, но изјавил дека не бил свесен дека Робинсон е на погреб.

Можеби најбизарно е обвинувањето дека актерот ја викнал асистентката да му го исчеша грбот додека тој седел на тоалетната школка.

poraneshna-asistentka-go-tuzhi-robert-de-niro-ja-teral-da-vleguva-vo-toaletot-so-nego-ja-ponizhuval-08.jpg

Робинсон не сакала бидејќи не ѝ било пријатно, но актерот ѝ рекол дека му се допаѓало кога таа му го чеша грбот.

Роберт де Ниро не го негирал ни ова, изјавувајќи:

„Ме фати! Ништо не направив со непочитување. Срам да ти е Робинсон!“

poraneshna-asistentka-go-tuzhi-robert-de-niro-ja-teral-da-vleguva-vo-toaletot-so-nego-ja-ponizhuval-10.jpg

Во судницата се дискутирало и за гласините дека актерот и асистентката имале афера.

Додека и двајцата го негираат ова, девојката на актерот се сомневала, па и таа ја напаѓала и навредувала Робинсон.

Сепак, во својата тужба, асистентката тврди дека актерот понекогаш ја допирал, ѝ дофрлал коментари од сексуална природа и ја дискриминирал.

poraneshna-asistentka-go-tuzhi-robert-de-niro-ja-teral-da-vleguva-vo-toaletot-so-nego-ja-ponizhuval-11.jpg

Односно, ѝ давал „женски обврски“ бидејќи е жена, и тоа дури и кога била унапредена и воопшто не требала да се грижи за ситници како хигиената на актерот.

Наводно, тој ја терал да му ја дипли долната облека, да му ја пере постелнината, да ја поставува масата за тој да јаде…

Исто така, актерот многупати ја нарекувал к***а, разгалено детиште и, генерално, ја понижувал со секакви навреди.

poraneshna-asistentka-go-tuzhi-robert-de-niro-ja-teral-da-vleguva-vo-toaletot-so-nego-ja-ponizhuval-10_copy.jpg

На ова, актерот изјавил дека некогаш бил гневен и ја навредувал, но дека тоа не било малтретирање. Туку, тој само бил разочаран од неа.

Робинсон тврди и дека добивала пониска плата од предвидената бидејќи е жена.

poraneshna-asistentka-go-tuzhi-robert-de-niro-ja-teral-da-vleguva-vo-toaletot-so-nego-ja-ponizhuval-09.jpg

Актерот, пак, не сакал да ѝ напише препорака бидејќи наводно таа крадела од него. Поради ова, кога си дала отказ од кај него, не можела да најде работа и со тоа си ја уништила репутацијата, но и кариерата.

Актерот стои на својот став дека обвиненијата на асистентката се бесмислици и вели дека само сакал да го добие она што таа го украла од него.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg