Поранешна асистентка го тужи Роберт де Ниро – Ја терал да влегува во тоалетот со него, ѝ се јавувал додека уринирал
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Поранешната асистентка на Роберт де Ниро тврди дека актерот ја терал да му го исчеша грбот додека тој седел на тоалетната школка. Истовремено, некогаш ја допирал и ѝ дофрлал коментари од сексуална природа. Ова, пак, ја направило неговата 34 години помлада девојка љубоморна и создало конфликт помеѓу неа и асистентката. Актерот, од друга страна, тврди дека таа крадела од него.
Моментално Роберт де Ниро води судска битка со неговата поранешна асистентка која го тужи и бара 12 милиони долари од него.
Според асистентката, додека работела за актерот, тој ѝ предизвикал емоционални проблеми и ѝ ја уништил репутацијата. Таа го обвинува актерот и за полова дискриминација и малтретирање.
Асистентката Греам Чејс Робинсон ја поднесе тужбата во 2019 година и вели дека кога работела за оскаровецот, тој ја навредувал, вербално ја малтретирал, а од неа барал да прави бизарни работи.
Актерот, од друга страна, во судницата изјави дека можеби понекогаш се однесувал недолично, но тврди дека никогаш не покажал непочитување кон Робинсон, ниту дека ја навредил или повредил.
Робинсон, која има 41 година, работела за актерот и неговата продукциска компанија цели 11 години.
Дала отказ во 2019-та, но тогаш актерот преку продукциската куќа ја тужел за 6 милиони долари.
Тој тврдел дека Робинсон само гледала серии на Нетфликс додека ѝ траело работно време, а притоа, ја злоупотребила нејзината положба и трошела пари на актерот за себе.
Во контра тужбата, Робинсон го негира ова и тврди дека актерот ги прекршувал нејзините основни човекови права.
Што знаеме за случајот досега?
За време на своето сведочење, актерот неколкупати избувнал додека се бранел од обвиненијата на Робинсон.
Според асистентката, актерот бесрамно ѝ ѕвонел многу рано наутро кога не била на работа доколку му требало нешто.
Во една ваква пригода, ѝ се јавил во 4 наутро за да го однесе во болница.
Актерот гневно изреагирал на ова обвинение и изјавил дека тоа се случило само еднаш бидејќи паднал по скалите.
Тој дури и ѝ се развикал на Робинсон во судницата, велејќи ѝ дека треба да се засрами.
Исто така, актерот честопати ѝ се јавувал на Робинсон додека уринирал, но тој го негирал и ова.