Добил вонбрачно дете со 16-годишна девојка, бил зависник од секс: Бурниот љубовен живот на Мухамед Али
Боксерот постојано ја изневерувал сопругата и ја манипулирал до тој степен, што таа му закажувала хотелски соби за да се гледа со неговите љубовници.
Тој добил и две вонбрачни деца додека бил во брак со Калила. Едното дете го добил со 16-годишна девојка.
Во една ситуација, кога имал натпревар во друга американска држава, боксерот бил во друштво на една негова љубовница – 19-годишната Вероника.
И, бесрамно ја претставувал како негова сопруга, додека вистинската сопруга – Калила – седела дома.
Калила дознала за ова преку американските медиуми и подоцна има изјавено дека била многу засрамена од целата ситуација.
Тогаш и одлучила дека ќе се разведе од него.
Речиси веднаш по разводот, Мухамед се венча со Вероника.
Но, Вероника има изјавено дека тие всушност направиле церемонија уште додека тој бил во брак со Калила. Но, не кажувале бидејќи се плашела дека ќе го испратат во затвор поради тоа што има две сопруги.
Мухамед и Вероника добија две ќерки, а се разведоа по околу девет години заедно.
Истата година кога се разведоа, 1986-та, боксерот се венча со четвртата и последна сопруга – Јоланда Вилијамс.
Тие немаа биолошки деца, но посвоија син и беа заедно до смртта на Али во 2016-та.
Во јуни 2016-та, Мухамед Али помина неколку дена во болница поради проблеми со респираторниот систем.
Тој почина во болницата на 74-годишна возраст.
32 години, боксерот водеше битка со Паркинсонова болест, па пред крајот на животот тешко зборувал и тешко се движел.
Ова, во комбинација со возраста, биле причина за неговата смрт.
Според некои извори, по смртта на боксерот децата почнале битка за неговото богатство кое се проценуваше на 80 милиони долари.
Наводно, секое од деветте деца добило по шест милиони, а неговата вдовица добила околу 12 милиони долари.
Не е познато каде завршиле другите пари и имотот.
Спирова С. | Црнобело