Добил вонбрачно дете со 16-годишна девојка, бил зависник од секс: Бурниот љубовен живот на Мухамед Али
- Детали
- недела, 05 ноември 2023
Мухамед Али има девет деца од шест жени, а две од децата се вонбрачни. Според негова бивша сопруга, тој бил зависен од секс и таа неретко била во ситуација самата да му закажува хотелски соби за неговите љубовници. Што знаеме за бурниот љубовен живот на најдобриот боксер на сите времиња?
Мухамед Али важи за еден од најзначајните спортисти на 20-тиот век, како и еден од најдобрите професионални боксери на сите времиња.
Бил роден во Кентаки, а почнал да тренира бокс на 12 години. На само 18-годишна возраст освои злато на Летните олимписки игри, а истата година почна и професионално да се занимава со спортот.
Вистинското име на боксерот е Касиум Марцелус Клеј. Во 1961 година ја промени религијата и стана муслиман, а набрзо потоа си го промени и името.
Боксерот изјави дека роденото име било неговото „ропско име“, па почна да го користи името Мухамед Али.
Во 1966 година одби да се приклучи на американската војска за време на Виетнамската војна поради неговите религиски верувања и неговата етика.
Поради ова, беше обвинет за избегнување воена служба, па му беа одземени сите боксерски титули.
Подоцна обвинението беше повлечено и тој ја продолжи кариерата.
Како професионален боксер учествуваше во некои од најпознатите борби во историјата на спортот и заслужено го сметаат за можеби најдобриот боксер во светот.
Но, додека покажувал натчовечки способности на рингот, во приватниот живот бил далеку од пријатна личност, особено со неговите сопруги и љубовници.
Што знаеме за бурниот љубовен живот на Мухамед Али?
Мухамед Али стапи во брак четирипати, а се разведе трипати.
Со трите поранешни сопруги направил спогодба надвор од судница и, според една од неговите ќерки, на сите три им дал половина од она што го поседувал во моментот.
Тој има вкупно девет деца – седум ќерки и два сина – кои ги доби со шест различни жени.
Првата сопруга на боксерот е Сонџи Рои која ја запознал во 1964-та. Тогаш тој имал 22 години, а Сонџи – 23.
Се венчале по кратка врска, но се разделиле околу две години подоцна. Наводно, на Сонџи не ѝ се допаѓало што боксерот ја терал и таа да си ја промени религијата.
Во 1967-ма, околу една година по разводот, боксерот се венча со Калила Камачо-Али.
Нејзиното вистинско име е Белинда Бојд, но откако и таа го прифати исламот како религија, си го промени името.
На денот на венчавката, Калила имала само 17 години. Заедно добија три деца.
Ова е можеби најбурниот брак на боксерот, а самата Калила има изјавено дека тој бил зависник од секс.