Роби Вилијамс: „Живеев бурно во младоста се обидов и да си ги пресечам вените, сега сум во менопауза“
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
„Косата ми се изретчува, тестостеронот не постои. Искористив сѐ што е добро и сега добив менопауза“ – вели Роби Вилијамс во своето најново интервју каде зборува за тоа кои се последиците од бурниот живот во младоста. Сега е одлучен дека со естетски корекции ќе си го поправи лицето за да се чувствува посамоуверено.
Роби Вилијамс (49) долго време важеше за еден од најбунтовните музичари на светската музичка сцена, сѐ до моментот додека во неговиот живот не се појави неговата сопруга Ајда Филд која го натера да сврти нов лист и да почне да живее сосема поинаков начин на живот.
Тој во април годинава откри дека со сопругата Ајда многу ретко имаат секс, а сега даде целосно ново интервју во кое зборуваше за предизвиците со коишто се соочува на прагот на шестата деценија.
Роби во февруари ќе наполни 50 години, а вели дека неговиот бурен живот во 90-тите години сега си го зема данокот и заради тоа кај него има недостаток на најважните хормони.
„Косата ми се изретчува, тестостеронот не постои, серотонинот го нема, а допаминот ми рече ‘збогум’ одамна. Искористив сѐ што е добро и сега добив менопауза.
Ќерка ми ми вели дека сум мрзелив. Не го сакам овој термин, затоа што така ме опишуваа кога бев помлад.
Реалноста е дека сум уништен од тоа што си го направив себеси во 90-тите и во почетокот на 2000-тите“ – вели Роби.
Добро е познато дека Роби долго време имаше проблем со зависностите, па неодамна откри дека успеал да се ослободи од таблети за спиење, но заради тоа има сосема поинаков начин на спиење од останатите луѓе.
Како што вели, заспива во 5 часот наутро и не се буди сѐ до 1 часот попладне, што воопшто не ѝ се допаѓа на сопругата.
Инаку, менопаузата кај мажите е состојба што се нарекува андропауза и се развива кај мажи во 40-тите и 50-тите години од животот, а главни симптоми се променливото расположение, загубата на желба за секс и мускулната маса, отежнатото спиење и влошувањето на краткорочната меморија.
Наскоро на Нетфликс треба да се појави новиот документарен филм посветен на неговиот живот, каде ќе бидат прикажани досега невидени снимки од неговиот живот уште во периодот додека беше бунтовникот во Take That, па преку неговата успешна соло кариера.
Роби е искрен и признава дека неговата младост била исполнета со луди забави и со неумерено консумирање опојни супстанци и алкохол, а тоа се одразило и врз неговото ментално здравје. Тој во една пригода призна дека состојбата во еден миг била толку лоша што посегнал и по сопствениот живот.
„Нема ништо убаво во тоа да земеш нож и да си ги пресечеш вените, како што јас го направив тоа. Мора да бидеме внимателни за тоа што го зборуваме и како го зборуваме“ - рече тој.
Сега тврди дека за време на снимањето Нетфликс му забраниле да користи ботокс, но по завршувањето на снимањето одлучил да се почести со подмладување.
„Сега не можам да се намуртам и Ајда ми вели дека можам да ставам уште малку.
Сметам дека лошата слика кај луѓето за пластичните операции е заради лошите примери и не сфаќаат дека 90 отсто од луѓето во забавната индустрија направиле корекции, но не се забележителни“ – вели Роби.
Следно нешто што планира да направи е да оди на затегнување на вратот, а потоа планира да вгради нови заби.
Инаку, иако се жали дека нема доволно тестостерон јасно е дека Роби и понатаму е посветен на неговата сопруга Ајда, заедно со нивните 4 деца.
„Знам дека имам совршен живот и се чувствувам пресреќен што го имам семејството. Во моментов би се опишал себеси како среќен осаменик и агорафобична личност што пие само безалкохолни пијалаци и тоа ме прави среќен“ – вели Роби за крај.
Прочитајте и Го спасила од мизерија, ја оставал трипати, а таа останала со него – Роби Вилијамс и Ајда слават 11 години брак
Б. С. Б. | Црнобело