Хајди Клум со сопругот повторно со маска ремек-дело за „Halloween“, но ќерка ѝ ја засени со сексапилниот костим
- Детали
- среда, 01 ноември 2023
На нејзината 22-ра забава за Ноќта на вештерките, Хајди Клум се појави маскирана во паун, а нејзината маска ја сочинуваа вкупно 11 луѓе. Хајди беше телото на паунот, додека останатите беа пердуви. Сопругот Том, пак, беше маскиран во големо бело јајце
И годинава Хајди Клум не разочара со маската за Ноќта на вештерките.
50-годишниот модел се маскира во паун, а во маската беа вклучени уште девет луѓе кои беа пердуви, како и една личност која беше нозете на паунот.
Хајди беше облечена во сино и носеше маска со клун, додека „помошниците“ носеа комбинезони со шари на паун.
Уникатната маска изгледаше спектакуларно, особено кога останатите луѓе позираа покрај неа во акробатски пози создавајќи илузија на вистински паун.
Смешен дел од маската на Хајди беше нејзиниот сопруг Том Каулиц кој беше маскиран во големо јајце.
Ова е 22-рата забава на Хајди по повод Ноќта на вештерките која веќе стана традиција во светот на шоубизнисот.
На забавата присуствуваше и ќерка ѝ Лени Клум која се појави со провокативна маска.