Хајди Клум со сопругот повторно со маска ремек-дело за „Halloween“, но ќерка ѝ ја засени со сексапилниот костим
19-годишната Лени носеше светла долна облека, високи чорапи со зелени и бели риги, како и чанта во форма на јагода. Со себе носеше и пластична кутија со јагоди, а на главата имаше розова перика.
Помеѓу присутните беше и Бил Каулиц – братот на Том – кој беше маскиран во еднорог.
На забавата присуствуваа бројни други личности од светот на шоу-бизнисот.
Камила Кабејо носеше бело фустанче, сатенски ракавици и круна – маска инспирирана од филмот The Princess Diaries.
Мајката на Илон Маск, пак, беше облечена во сребрен аутфит, а на очите носеше маска украсена со огромни пердуви.
Рејчел Зеглер, која ќе ја глуми Снежана во новиот филм на Дизни, беше маскирана во Дафне од популарниот цртан филм Scooby-Doo.
Имаше и гости маскирани во Џокер, Круела де Вил, портрет на Ван Гог, Кери од Sex and the City, астронаут и што уште не.
Повеќе фотки од присутните на забавата:
Спирова С. | Црнобело