Ванеса Хаџенс со бизарна моминска прослава - се збогува со сингл животот со забава како погреб (фото)
- Детали
- петок, 27 октомври 2023
Ванеса Хаџенс направи моминска забава каде што темата е погреб. Актерката носеше бел фустан налик венчаница, додека нејзините пријателки беа во црно „од глава до пети“ – токму како за на погреб.
Ванеса Хаџенс се сврши со бејзбол играчот Кол Такер кон крајот на 2022-ра, а ја потврди свршувачката дури во февруари годинава.
Сега, пак, 34-годишната актерка направи моминска забава, а избрала мошне бизарна тема – погреб.
Односно, со забавата, актерката „го погреба“ нејзиниот сингл живот.
Ванеса сподели неколку фотки на Инстаграм од прославата, а на описот од едната објава стои:
„Сакам тематски прослави. Можете ли да ја погодите темата?“
За прославата, Ванеса избрала бел фустан, кој изгледа како едноставна венчаница, бели ракавици и вел, а на главата носи и украс со ѕвезди.
Нејзините пријателки, пак, се облечени во црно – како за на погреб.
Фотки сподели и нејзината пријателка и колешка Сара Хајланд, со опис:
„Дрес код: Во црно за невестата во бело“.
Неодамна, Ванеса откри дека со пријателките заминале во Аспен на „момински викенд“, каде што ја направила и морничавата прослава.