Спијат голи, имале посебна соба за секс: Работи кои Дејвид и Викторија Бекам ги открија за нивниот сексуален живот
- Детали
- сабота, 28 октомври 2023
„Секоја вечер си легнувам со Дејвид, па, мислам дека би било погрешно само да спијам. Обично не носам ништо, но Дејвид ми има купено неколку секси комплети“, изјави Викторија Бекам во едно интервју. Што друго има откриено парот за нивниот сексуален живот?
Дејвид и Викторија Бекам се во брак над 20 години, а според понови фотки од парот, каде што фудбалерот не ги одлепува рацете од саканата, се чини дека се вљубени како на почетокот од врската.
Нивната врска преживеа и афера, што значи може да се каже дека дефинитивно го имаат најстабилниот брак во светот на славните.
А, се чини дека по сите овие години, и нивниот сексуален живот не замрел.
Низ годините, и Викторија и Дејвид имаат откриено бројни детали од нивната спална соба.
Дел од најзабавните во продолжение:
Имале посебна соба за секс
Откако се венчаа, Дејвид и Викторија Бекам живееја во огромна куќа во Англија која ја продадоа во 2013-та.
Додека живееја таму, Викторија откри дека имале посебна спална соба само за секс.
„Имаме соба која е украсена со леопардски принтови, а има и огледало над креветот. Секако, имаме и спална соба за спиење во која доминира белата боја“.
Сакале да спијат голи
Викторија има изјавено дека ретко кога спие со пижами, како и дека неретко му дава предност на сексот, а не на спиењето.
„Секоја вечер си легнувам со Дејвид, па, мислам дека би било погрешно само да спијам. Обично не носам ништо, но Дејвид ми има купено неколку секси комплети“.