Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли
Сличен став имала и актерката Рита Морено, која почнала врска со Елвис веднаш откако раскинала со Марлон Брандо (најмногу за да му врати на Брандо што ја изневерил).
Таа во една пригода рекла дека Присли не можел „да му држи свеќа на Брандо“ и дека ноќта што ја поминала со Елвис била „аматерска“.
Елвис Присли, наводно, бил и воајер.
Според Вилијамсон, тој наводно имал поставено двонасочни огледала во својата куќа, но и во куќарката покрај базенот за да ги шпионира луѓето додека имале секс.
Со текот на годините, Елвис развил и специфични фетиши.
Тој, на пример, барал од своите девојки секогаш да носат бели гаќи додека се во кревет.
Тој сакал да играат улоги за време на сексуалниот однос, па наместо вистински да имаат односи со Присила, се облекувале како медицинска сестра и пациент и си ги истражувале телата.
Понекогаш Елвис носел други девојки во својата спална соба, па ги терал Присила и девојката да се преправаат дека водат љубов додека тој гледал, снимал, а понекогаш и се придружувал.
Со Присила имале обичај да прават фотки со полароид, а потоа ги чувале во сребрен куфер.
Елвис често организирал и големи забави во „Грејсленд“, без Присила или неговите други девојки.
Тогаш ги викал танчарките да „пливаат голи во базенот, а потоа да им се придружат на момчињата во многуте спални соби на имотот“, пишува Вилијамсон.
Елвис сепак најмногу сакал 14-годишни девојчиња.
Во книгата, Вилијамсон открива и вознемирувачки детали - Елвис знаел да доведе по три 14-годишни девојчиња во неговата спална соба за „борби со перници, скокоткање, бакнување и гушкање“.
Џеки Роуланд го запознала Елвис во 1956 година кога таа имала 14, а тој 21.
Тој ја однел Џеки во неговата соба во театарот каде што пеел за да ја научи како да се бакнува.
Френсис Форбс е уште една 14-годишна тинејџерка која одела на забавите на Елвис. Таа го запознала кога имала само 13 години.
„Тогаш не ми обрнуваше внимание, но кога имав 14 години ме забележа. 14 години беа волшебно доба за Елвис“, рекла таа.
Во 1974 година, кога Елвис имал блиску 40 години, во Мемфис запознал уште едно 14-годишно девојче, Рика Смит.
Рика вели дека тие двајца имале неколку долги љубовни сеанси.
Елвис ѝ подарил автомобил, а нејзиниот татко го прифатил подарокот. Но, кога Елвис сакал Рика да оди со него во Нешвил, нејзиниот татко одбил.
Нивната врска завршила во 1975 година.
„Фасцинацијата на Елвис со младите девојки ги плашела сите, но никој немал храброст да му каже нешто“, пишува Вилијамсон.
А. Ј. | Црнобело