Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли

Кралот на рокенролот, Елвис Присли, живеел развратен живот. Најмногу сакал девици, но и девојчиња кои не биле постари од 14 години. Толку имала и Присила кога ја запознал. Сакал и „тројки“, бил воајер и имал многу фетиши.

obozhaval-14-godishni-devici-sakal-da-gleda-parovi-dodeka-kako-vodat-ljubov-site-fetishi-na-elvis-prisli-01.jpg

Џоел Вилијамсон, авторот на книгата Elvis Presley: A Southern Life, во својот бестселер раскажува за сите фетиши и сексуални фантазии на кралот на рокенролот.

Тој пишува дека Елвис Присли им се додворувал на девици, ја одржувал врската што е можно подолго без секс, но кога ќе ја изгубеле невиноста, тој го губел интересот за нив.

И единствената сопруга на Присли, Присила, имала само 14 години кога го запознала Елвис во германска воена кантина. Во тоа време тој имал 24 години.

Според книгата на Вилијамсон, Елвис „водел љубов со неа на секој можен начин, но без пенетрација“.

obozhaval-14-godishni-devici-sakal-da-gleda-parovi-dodeka-kako-vodat-ljubov-site-fetishi-na-elvis-prisli-03_copy.jpg

Бидејќи невиноста на Присила му била многу важна, тој ја чувал опсесивно. И иако таа го молела да имаат секс, тој сакал таа да остане девица што е можно подолго.

„Последниот пат го молев да ја доведе нашата љубов до кулминација. Тоа би било толку лесно за него. Бев млада, ранлива, очајно заљубена и тој можеше целосно да ме искористи.

Но, тој тивко рече: ’Не, еден ден ќе го сториме тоа, Присила, но не сега. Навистина си премногу млада‘“, пишува во книгата на Вилијамсон, кој тврди дека ова е разговор кој се водел меѓу нив двајца.

Присила не била единствената девица со која бил Елвис.

obozhaval-14-godishni-devici-sakal-da-gleda-parovi-dodeka-kako-vodat-ljubov-site-fetishi-na-elvis-prisli-17.jpg

Во 1969 година запознал неколку девици и не можел да им одолее.

Џојс Бова, која во тоа време имала 25 години, го запознала Елвис во Лас Вегас и тој ја поканил на вечера, која таа понудата ја прифатила цела една година подоцна.

На крајот воделе љубов, но Бова си заминала лута кога Елвис ѝ рекол дека нивната врска нема иднина. Причината за ова, според Вилијамсон, е затоа што таа веќе не била девица.

По ова почнал врска со друга девица, Кети Вестморленд, која била сопран на концертите на Елвис во Лас Вегас. Кога ѝ пришол, ја прегрнал и бакнал, таа му признала дека е невина.

По кратко време имале секс, а прекинале да се гледаат бидејќи Кети морала да се врати на работа во Лос Анџелес.

Заљубена во Елвис, таа сепак решила да остави сè и да му се врати, но кога дошла во Лас Вегас, со надеж дека ќе ја продолжат врската, Присли веќе не бил заинтересиран.

obozhaval-14-godishni-devici-sakal-da-gleda-parovi-dodeka-kako-vodat-ljubov-site-fetishi-na-elvis-prisli-05.jpg

Во 1972 година, Елвис ја запознал Линда Томпсон, која тогаш имала 22 години и била невина. Елвис и Линда биле во врска четири години.

Во нејзината книга A Little Thing Called Life: On Loving Elvis Presley, Bruce Jenner, and Songs in Between, таа раскажала како ја загубила невиноста.

„Се расплакав, а тој ме држеше и рече: ’Душо, не плачи. Те молам, не плачи‘, но кога продолжив, рече: ’Плачи… Ако сакаш да плачеш, плачи душо‘“, пишува таа во книгата.

Линда раскинала со Елвис во декември 1976 година, а тој починал следната 1977 година.

Но, Елвис, наводно не бил добар во кревет.

Според Линда, тој бил „крал на предиграта кој знаел како орално да задоволува, но не го бивало за секс“.

Ни актерката Сибил Шепард не била одушевена по ноќта помината со него. Таа рекла дека тој „одлично се бакнувал и бил многу сладок, но не бил 'пастув' каков што очекувала“.

obozhaval-14-godishni-devici-sakal-da-gleda-parovi-dodeka-kako-vodat-ljubov-site-fetishi-na-elvis-prisli-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg