Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк
Во тоа време се шпекулираше дека главна причина за нивната разделба било тоа што Бритни го изневерила со танчарот Вејд Робсон. Во мемоарите Бритни признава дека навистина го изневерила Џастин.
„Бевме излезени заедно и отидовме во еден шпански бар. Танцувавме и танцувавме. Се ‘смував’ со него таа вечер“ – пишува таа и рече дека тоа бил единствениот пат да го изневери момчето кому му била лојална со години.
Бртини дури вели дека сѐ му признала на Џастин и дека тие двајца се договориле дека ќе заборават на настанот и ќе продолжат заедно како ништо да не се случило.
Но, кога станува збор за Џастин, Бритни вели дека тој имал двојни стандарди и дека иако барал верност од неа, тоа не важело и за него.
Читателите од Мексико, каде книгата беше објавена една недела порано по грешка тврдат дека таа знаела за неговите неверства и затоа му се одмаздила со Вејс.
„Бритни пишува дека знае оти Џастин бил неверен, прво со една девојка од бендот All Saints, а потоа со една славна личност што сѐ уште е славна, во моментов е во брак и има деца... И за одмазда таа одлучила да се ‘смува’ со танчарот“ – велат читателите.
Во тоа време во голем број од медиумите имаше фотографии од Џастин со пејачката на All Saints, Никол Апелтон како одат во хотел во Лондон.
Освен овие тајни за врската со Бритни, Џастин долго време го тресеа скандали и со сегашната сопруга Џесика Бил.
По раскинувањето со Бритни, тој беше во врска со Камерон Диаз, а потоа во јануари 2007-ма година почнаа да кружат написи дека тој е во врска со Џесика Бил.
Во текот на наредната година, актерката призна дека се заедно и рече дека за нивната врска не сака да зборува во јавност.
Првите написи за наводно раскинување се појавија во 2009-та година, но парот ги негираше гласините и тврдеше дека одлучиле да си дадат шанса да поминуваат повеќе време со пријателите и да размислат добро за врската.
Во 2011-та година, парот излезе јавно и потврди дека се разделиле. Според написите во дел од таблоидите причината за нивната разделба е наводната афера на Џастин со Мила Кунис, но парот ги негираше гласините.
По ова Џастин за првпат даде изјава за медиумите во која јасно кажа колку му значи Џесика:
„Таа е најзначајната личност во мојот живот. Во моите 30 години, таа е најпосебната личност, во ред? Не сакам да кажам повеќе од тоа, затоа што морам да ги заштитам работите што ми се драги – на пример неа.“
Набрзо по ова парот повторно беше виден заедно, па потоа објавија дека се смириле. Само еден месец подоцна парот беше свршен.
Денес, парот е во складен брак и заедно имаат два синa, иако во 2019-та година беа објавени фотографии на кои тој се држи за рака со колешката од филмот Palmer, Алиша Вејнврајт, по што тој јавно се извини затоа што ја повредил сопругата и рече дека меѓу нив двајца немало ништо.
Светските медиуми пишуваат дека Џастин во моментов е видно вознемирен заради книгата на Бритни, а кои мрачни тајни ќе испливаат допрва, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело