Адел со контроверзна изјава за алкохолизмот: „Бев алкохоличар и престанав да пијам, но здодевно ми е“
Наводно, тогаш почнала и да плаче кога сфатила дека присутните ја препознале.
Онлајн се споделуваа и видеа по „пијаниот настап“ на пејачката.
Адел е видно пијана и прашува непозната личност пред неа како сите знаеле која е.
Во октомври минатата година, Адел зборуваше за алкохолизмот и во американскиот магазин Vogue.
„Отсекогаш сум имала блиска врска со алкохолот. Отсекогаш ме фасцинирал. Алкохолот ми го украде татко ми, па сакав да знам што е толку добро кај пиењето“.
Ова не е првпат Адел да проба да се откаже од алкохолот.
Во 2021 година, таа откри дека пробала да престане да пие по разводот со Сајмон Конеки, како и по смртта на нејзиниот татко. Претходно, пак, имаше изјавено дека престанала да пие откако станала мајка.
„Ова е еден начин да се запознаете себеси, да пиете само вода и да бидете што е можно потрезни“, изјави Адел во интервју со Опра Винфри.
Прочитајте повеќе: Адел се отвори кај Опра: „Престанав да пијам бидејќи алкохолот го уништи татко ми, срам ми е што бракот ми се распадна“
Спирова С. | Црнобело