Адел со контроверзна изјава за алкохолизмот: „Бев алкохоличар и престанав да пијам, но здодевно ми е“
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
„Престанав да пијам пред околу три и пол месеци. Досадно е. Бев алкохоличар во поголемиот дел од моите 20-ти, но сега ми недостасува тоа“ – Адел се отвори за проблемите алкохолот и сподели дека по којзнае кој пат решила да престане да пие. Не е првпат Адел да зборува за алкохолизмот и веќе неколкупати (безуспешно) се обидува да се откаже од порокот.
За време на настап во Лас Вегас, Адел се отвори за проблемите со алкохолот пред нејзините фанови.
Пејачката изјави дека во 20-тите години од животот била алкохоличар, како и дека престанала да пие алкохол пред три месеци.
И покрај сериозните проблеми со алкохолот, Адел истакна дека ѝ било здодевно кога не е пијана.
„Престанав да пијам пред околу три и пол месеци. Досадно е. Мислам, бев скоро алкохолиар во поголемиот дел од моите 20-ти, но сега ми недостасува тоа“, изјави 35-годишната пејачка.
Таа му се обратила и на фан од публиката кој во раката држел алкохолен пијалак:
„Уживај во твоето виски. Многу, многу сум љубоморна“.
Во март годинава, Адел откри дека нејзините проблеми со алкохолот биле далеку посериозни – имало денови кога пиела по четири шишиња вино уште пред да дојде време за ручек.
Ова се влошило за време на локдаунот среде пандемијата. На концертот во Лас Вегас, повторно го кажала истото.
„Се сеќавам кога беше локдаунот, беше 11 часот претпладне и јас имав испиено четири шишиња вино“.
Во 2022 година, Адел имала и инцидент поради претераното пиење.
Имено, пејачката била во бар за хомосексуалци во Лондон и по многу пијачки, се соблекла само по градник, па се качила на сцената и почнала да танцува со топлес танчарките во клубот.