Вирално видео од Шакира како насилно турка повозрасна жена: „Не сакаше ниту да ѝ се извини“

„Не само што ја турна, туку не сакаше ниту да ѝ се извини“. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Шакира турка една повозрасна жена, а фановите на нејзиниот поранешен партнер побрзаа да ја обвинат дека е самобендисана дива и дека тука се гледа каква е навистина.

viralno-video-od-shakira-kako-turka-edna-povozrasna-zhena-ne-sakashe-nitu-da-i-se-izvini-01.jpg

Светски познатата пејачка Шакира (46) во изминатите две години беше топ тема во светските медиуми заради разделбата со долгогодишниот партнер Жерар Пике (36), со кого има два сина.

По разделбата таа објави неколку „одмазднички песни“ упатени кон поранешниот партнер кој ја изневери со друга помлада девојка, по што публиката се подели на два табора: оние што ја поддржуваат колумбиската пејачка и оние што тврдат дека таа е самобендисана „дива“ и цврсто застанаа во одбрана на Пике и неговата девојка Клара Чиа.

viralno-video-od-shakira-kako-turka-edna-povozrasna-zhena-ne-sakashe-nitu-da-i-se-izvini-02.jpg

На социјалните мрежи деновиве повторно кружи ново видео кое треба да покаже каква е Шакира навистина и дека воопшто нема обѕир за другите луѓе, кога станува збор за нејзината слава.

Така на ТикТок е објавено едно видео во кое се гледа како Шакира излегува до една зграда и дека е пречекана од голем број фанови и обожаватели, а една повозрасна жена застанува напред за да фати подобар кадар додека ја снима пејачката како излегува.

viralno-video-od-shakira-kako-turka-edna-povozrasna-zhena-ne-sakashe-nitu-da-i-se-izvini-03.jpg

Во еден миг, Шакира додека оди кон автомобилот, ја фаќа жената за рака и ја турка, за да може да помине.

viralno-video-od-shakira-kako-turka-edna-povozrasna-zhena-ne-sakashe-nitu-da-i-se-izvini-04.jpg

Видеото го подели мислењето на публиката на социјалните мрежи. Додека едни ја обвинуваат пејачката затоа што така се однесува кон жената, други коментираат дека жената сама е виновна за третманот што го добила.

„Сама си е виновна, затоа што застана пред неа и не ѝ даваше да помине“;

„Жената е виновна, немаше потреба да ѝ го пикне телефонот во лице“;

„Не ја турна Шакира, туку нејзиниот телохранител“;

„Ако навистина ја турна, жената немаше да продолжи да оди зад неа со насмевка на лицето“;

„Никој не знае што зборува жената, сигурно кажала нешто што ја вознемирило“ – велат дел до фановите на колумбиската пејачка.

Погледнете го видеото:

@lasalvaje_

Que piensas ustedes la empuja o no? #shakira #asino #nosevale #video #viral #viralvideo #viraltiktok

♬ Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53 - Bizarrap & Shakira

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg