Мајка му била зависничка, на 14 години забременил девојка – Свршеникот на Адел за првпат раскажува детали од своето детство

Како што раскажува, неговото детство го научило постојано да се сомнева во сите. А и денес, како спортски менаџер кој има над 120 милиони долари на сметката и живее во палата со Адел, тој сѐ уште се стресува кога има бучава околу него или ако слушне истрели од пиштол.

Рич се присетува на еден период кога мајка му постојано барала пари од татко му за да купи дрога, па тој на крај ѝ ги дал.

„Кога ќе ја видиш мајка ти како си заминува така што посилно ги стиска парите во рацете, отколку што некогаш те држела тебе, станува тешко да веруваш кому било потоа“ – вели тој.

majka-mu-bila-zavisnichka-na-14-godini-zabremenil-devojka-svrshenikot-na-adel-za-prvpat-raskazhuva-detali-do-svoeto-detstvo-07.jpg

По смртта на неговиот татко во 2000-та година, работите само ќе станат уште полоши, па Пол ќе почне да продава опојни супстанции затоа што верувал дека треба да биде поголем маж.

Се откажал од колеџ и почнал да живее на улиците. Благодарение на брзите пари, почнал да патува низ повеќе градови во САД за да ги следи сите натпревари на НБА.

majka-mu-bila-zavisnichka-na-14-godini-zabremenil-devojka-svrshenikot-na-adel-za-prvpat-raskazhuva-detali-do-svoeto-detstvo-08.jpg

Но, додека живеел на улица, тој имал еден мошне критичен проблем кога го ограбиле и му зеле 300.000 долари и скап часовник.

По ова, тој нашол начин како да наоѓа евтини дресови, па потоа ги носел во други делови од САД за да ги препродаде и бил изненаден колку многу пари заработил.

„Тие дресови се продаваа подобро од дрога“ – вели тој и додава дека заработувал 15.000 долари месечно само од тој бизнис.

Книгата завршува во моментот во 2001-ва година кога тој сосема случајно ќе го запознае Леброн Џејмс, кој потоа целосно ќе му го промени животот.

majka-mu-bila-zavisnichka-na-14-godini-zabremenil-devojka-svrshenikot-na-adel-za-prvpat-raskazhuva-detali-do-svoeto-detstvo-09.jpg

Прочитајте и Продавал дресови и купил куќа на 19 години, а денес има милиони - Кој е Рич Пол, новиот дечко на Адел, според гласините?

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg