„Тоа не е твоето тело“ - Џорџина Родригез обвинета за лош Фотошоп откако се појави екстремно ослабена на насловна на „Vogue“
- Детали
- вторник, 10 октомври 2023
„Само лицето е твое, а телото е од друг модел“ – Џорџина Родригез се соочува со критики откако ги објави фотографиите од фотосесијата за Vogue, каде се појавува видно ослабена, со тенка половина и без препознатливите облини.
Партнерката на светски познатиот фудбалер, Џорџина Родригез (29), се пофали дека ќе има две нејзини фотки на насловната страница на познатиот магазин Vogue, но очигледно нејзините следбеници не се импресионирани со фотографиите.
На првата фотографија, моделот позира во тексас јакна и фармерки со златно синџирче околу половината, пред машина за перење, додека во рацете држи детергент.
Но, она што на сите им падна во очи е нејзината видно послаба фигура, па ја обвинија дека дозволила премногу да ги фотошопираат фотките, па дури велат и дека уредниците на списанието само го „залепиле“ нејзиното лице на туѓо тело.
„Боже, на првата фотографија тоа не си ти. Се познава дека користеле премногу Фотошоп. Ти имаш облини и не ми е јасно зошто си дозволила да ти го направат тоа, кога не ти треба“;
„Не останало ништо од телото по толку Фотошоп“;
„Првата фотографија треба во целост да се смени. Се гледа дека ти го оставиле само лицето, а телото не е твое. Се познава“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, ова е прва насловна страница на Џорџина за Vogue, a таа редовно објавува фотографии со нејзиниот партнер Кристијано Роналдо, со цел да им стави крај на гласините дека нивната врска е во криза.
Погледнете повеќе фотографии од Џорџина во продолжение и проценете сами дали навистина фотките на Vogue се обработени:
Б. С. Б. | Црнобело