„Девојко, ти си болна“ – Никола Пелц исмеана откако објави скандалозни фотки упатени до свекорот, Дејвид Бекам
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2023
„Чуден избор и редослед на фотографии за да му честиташ на свекорот, би можело да се рече“ – стои во еден од коментарите до фотките што Никола Пелц ги посвети на свекорот Дејвид Бекам, а на кои се гледа како нејзиниот сопруг Бруклин Бекам ја држи за задникот и ја бакнува во врат. По неколку дена, таа присуствуваше и на ревијата на Викторија во Париз.
Очигледно е дека Викторија Бекам и нејзината снаа Никола Пелц Бекам успеаја да ги надминат разликите, па убавата актерка и наследничка сега заедно со Бруклин постојано е присутна на сите поважни семејни настани за Бекамови.
Но, снаата на Дејвид и Викторија Бекам доби голем број критики упатени до неа, откако објави неколку скандалозни фотки со кои му честита на свекорот за неговиот нов документарен серијал на Нетфликс.
Актерката, откако присуствуваше на премиерата на серијалот што се одржа во вторникот (03.10), на Инстаграм објави неколку скандалозни фотографии со кои му честита за успехот.
„Минатата ноќ беше неверојатна... Честитки Дејвид Бекам“ – напиша таа до фотографиите.
А на нив, Никола позира во кожен темноцрвен мантил со црни хулахопки, додека нејзиниот сопруг, Бруклин Бекам, ја бакнува во вратот и ја држи за задникот.
Фотографиите предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи, а нејзините следбеници ја критикуваат дека избрала мошне чудни фотографии.
„Чуден избор и редослед на фотографии за да му честиташ на свекорот, би можело да се рече“;
„Секогаш има по 5 фотографии од неа и една од личноста на која што ѝ честите. Таа е пример за нарцизам“;
„Дали ова е најлошиот избор на фотографии на сите времиња“;
„Ова е пример како не треба да му честиташ на свекорот“;
„Честитки за свекорот. Еве фотографии од мене и син ти како се бакнуваме и речиси имаме секс. Девојко, ти си болна, еден ден ќе имаш деца“ – стои во дел од коментарите.