Синот на Хју Хефнер не сакаше врски со „обични девојки“, призна дека ја претепал бившата - За каква жена се ожени Марстон Хефнер?
По ова Марстон мораше да оди на психијатарски тертмани, а доби и 3-годишна забрана за приближување до Клер, а таа веднаш се отсели од неговиот стан.
За разлика од другите деца на Хефнер, Марстон одби да биде вклучен во семејниот бизнис, а студираше филозофија.
Во 2018-та година тој даде интересна изјава за тоа со каква девојка очекува да го помине животот:
„Моето очекување за тоа со каква девојка треба да бидам е поинакво. Цел живот сум бил околу згодни жени, па обичните средношколки не ме возбудуваат“ – изјави тој.
Тој исто така има објавено роман, под името Марстон Глен, а годинава ја изненади јавноста кога откри дека направил страна на веб страницата за возрасни OnlyFans каде објавува свои разголени фотографии.
Што се однесува до изборот на девојка, Марстон повторно изненади и ја збуни јавноста кога откри дека одлучил да се ожени со Ана Ламбропулос, a таа на свадбата носеше цветен фустан и патики.
За разлика од жените околу кои пораснал, неговата сопруга беше закопчана до гуша.
Со неа во јули годинава го доби својот прв син Форест Глен Хефнер.
„Отсекогаш сакав да бидам родител, но никогаш не можев да ја најдам личноста што сакаше да биде со мене до крај. Сега се чувствувам како да сум во холивудска романса“ – изјави тој.
Б. С. Б. | Црнобело