Синот на Хју Хефнер не сакаше врски со „обични девојки“, призна дека ја претепал бившата - За каква жена се ожени Марстон Хефнер?
- Детали
- сабота, 07 октомври 2023
Поранешната девојка го тужеше за семејно насилство, а тој самиот призна дека ја удрил. Пораснал во Плејбој палатата и тврдеше дека не може да се смири покрај „обична девојка“, а денес е оженет сопруг и татко – Што знаеме за Марстон Хефнер, синот на основачот на Плејбој?
Марстон Хефнер (33) е син на основачот на Плејбој, Хју Хефнер и на неговата втора сопруга, Плејбој зајачицата Кимберли Конрад.
Хју и Кимберли стапија во брак во 1989-та година, кога тој имаше 63, а таа 26 години. Само неколку месеци подоцна, во април 1990-та година го добија синот Марстон.
Марстон е речиси 35 години помал од неговиот брат Дејвид, којшто го замени Хју по смртта и 37 години помлад од неговата најстара сестра Кристи.
Освен него, Хју и Кимберли го добија и вториот син, Купер Хефнер.
Прочитајте и Семејно насилство, детство во Плејбој вилата – кои се децата на Хју Хефнер и колку пари наследија од него?
Слично, како и неговите браќа и Марстон пораснал во Плејбој палатата на неговиот татко, каде од најмали нозе бил изложен на луксузниот начин на живот, но и имал контакт со голем број од познатите гости на неговиот татко.
Во неколку пригоди рекол дека начинот на живот во палатата го одбележал за цел живот и дека денес смета дека ниту едно дете не треба да порасне со толку многу голотија околу себе.
Мајка му Киберли, кога имал 8 години одлучила да ги пресели него и брат му во стан во близина на палатата за да ги заштити.
Иако мајка му и татко му подоцна ќе се разведат, се чини дека Марстон бил мошне поврзан со неговиот татко и се среќавале еднаш неделно, кога заедно играле табла.
Се смета дека Марстон е попроблематичен од неговиот помлад брат Купер, затоа што во 2012-та година се соочил со обвиненија за семејно насилство.
Во тој период, Марстон имал 22 години и тргнал по стапките на татко му, па бил во врска со Плејбој зајачицата на годината, Клер Синклер.
Тие двајца живееле заедно во куќа во Пасадена, Калифорнија кога полицијата добила повик во кој Клер тврдела дека нејзиниот дечко ја удрил и бил насилен кон неа.