Го нарекуваат „кралот на Сиднеј“, 30 години чекаше да го замени татко му - Како Лаклан Мурдок стигна до челната позиција на FOX?
- Детали
- недела, 08 октомври 2023
Само две седмици откако го прослави својот 52-ри роденден Лаклан Мурдок го замени татко му Руперт на претседателската позиција на News Corp, по 30 години трпеливо чекање. Оженет е за една од најубавите Австралијки, со која 24 години живее во складен брак. Што знаеме за новиот сопственик на корпорацијата FOX?
На 21-ви септември годинава медиумскиот могул Руперт Мурдок најави дека се пензионира на 92 години од кормилото на News Corp и на неговото место го назначи синот Лаклан, кој чекаше повеќе од 30 години да седне во фотелјата на неговиот татко.
Семејството Мурдок, отсекогаш привлекувало внимание, како едно од најмоќните семејства во светот, кои како сопственици на голем број влијателни медиуми и весници со децении директно влијаат врз креирањето на јавното мислење.
Руперт има вкупно 7 деца, но за свои главни наследници ги планираше децата од неговиот втор брак со Ана де Пејстер - Џејмс Мурдок, Елизабет Мурдок и Лаклан Мурдок, а низ текот на годините, таткото се обидувал да ги сврти сопствените деца еден против друг, со цел да ги направи побезмилосни во бизнисот.
Конечно, годинава, тој одлучи да се повлече, а кормилото му го предаде на најстариот син Лаклан.
Што знаеме за човекот кој од неодамна стана претседател на компанијата FOX?
Лаклан e роден во Лондон, на 8-ми септември 1971-ва година, а на 3 години се преселил да живее во САД, откако неговиот татко станал сопственик на New York Post.
Иако бил син на медиумски могул и новинарка. Лаклан избрал да студира филозофија, па дипломирал во 1994-та година, на возраст од 23 години.