Го нарекуваат „кралот на Сиднеј“, 30 години чекаше да го замени татко му - Како Лаклан Мурдок стигна до челната позиција на FOX?
-->
Благодарение на тоа што 10 години не беше присутен во семејниот бизнис, Лаклан остана имун на последиците кои настанаа откако во 2011-та година се дозна дека голем број новинари кои што работеле за нивните медиумски куќи нелегално влегле во телефоните на познати личности и членови на кралското семејство за да добијат ексклузивни информации.
Овој скандал ја уништи кариерата на неговиот брат Џејмс, а го турна Лаклан чекор поблиску до претседателското столче.
Во 2014-та година Лаклан се врати во компанијата и успешно ја менаџираше, па успеа да се избори со уште неколку скандали кои ги тресеа, како што беа обвинувањата за сексуално вознемирување упатени до претседателот на Fox News, Роџер Ајлс.
-->
На приватен план, Лаклан од 1999-та година е во брак со британско-австралискиот модел Сара О'Харе, со која има два сина Калан Александер (19) и Ејден Патрик (17), како и ќерката Ерин Елизабет (13).
Сара О'Харе или Сара Мурдок (51) беше на врвот на својата кариера кога го запозна Лаклан, а потоа го сними својот прв филм со Фреди Принц Џуниор, Head Over Heels, но набрзо потоа се откажа и продолжи да живее како мајка и домаќинка која е посветена на семејството.
Наводно Сара одлучила да се повлече од холивудската кариера откако филмот добил ужасни критики, па дури ниту медиумите на нејзиниот сопруг не штеделе на негативните коментари.
Лаклан има повеќе имоти во САД, јахти и импресивна колекција од автомобили, а се верува дека најпријатно се чувствува да живее во Сиднеј, каде важи за вистински крал.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“
Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Колин Фарел со ретка изјава за 20-годишниот син со пречки во развојот: „Само сакам луѓето да бидат д...
„Ова е првпат отворено да зборувам за него и не можам да го прашам дали се согла...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден
Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...