„Токсична“, „Кошмар“ - Амбер Херд со патерици ја шета ќерка ѝ во Мадрид, откако беше оцрнета во биографијата на Илон Маск
- Детали
- среда, 04 октомври 2023
Амбер Херд беше забележана во Мадрид со ќерка ѝ Уна, во друштво на сестра ѝ и нејзините деца. Во првото појавување по биографијата на Илон Маск каде што беше наречена „кошмар“, Амбер одеше со патерици, наводно поради повреда на колкот.
По бурното судење со Џони Деп, Амбер Херд се држи настрана од јавноста и малку е познато што се случува во нејзиниот живот.
Сепак, деновиве 37-годишната актерка беше забележана во Мадрид, и тоа со патерици.
Амбер беше во друштво на нејзината сестра Витни, како и нејзината 2-годишна ќерка чиј татко е непознат.
Друштво им правеа и децата на сестра ѝ.
Како и на повеќето папарацо фотки од Амбер по судењето, актерката беше во лежерно издание со бели панталони и црна маичка. Косата ѝ беше собрана во неуредна пунџа.
Според Daily Mail, Амбер носи патерици бидејќи си го повредила колкот. Имено, актерката се подготвувала за маратонот во Њујорк кој се одржува во ноември, а строгиот тренинг резултирал со сериозна повреда на колкот.
Ова е прво појавување на Амбер во јавност откако беше „оцрнета“ во биографијата на Илон Маск.
Личности кои се блиски до милијардерот ги споделија нивните мислења за актерката и ретко кој имал добар збор за неа.
Генерално, ја нарекуваат токсична, кошмар, па дури и ја споредуваат со психопатот Џокер од Batman.
Амбер уште се нема огласено за лошите зборови споделени во биографијата. Но, извор близок до неа тврди дека се налутила кога милијардерот сподели фотка на која таа носи костим, наводно за да го заведе.
Прочитајте повеќе: Креирала посебен секси костум за да го заведува, се вљубил во нејзината „злоба“ – Амбер Херд оцрнета во новата биографија на Илон Маск
Спирова С. | Црнобело