Вирално видео: Ана Винтур „избега“ кога Ким Кардашијан седна до неа на ревија - Дали навистина ја мрази?
- Детали
- понеделник, 02 октомври 2023
Многумина се убедени дека Ана Винтур нема некое високо мислење за Ким Кардашијан, а видео и фотки од ревија на Викторија Бекам го потврдуваат ова. На ревијата, Ким седна до уредничката на Vogue која потполно ја игнорираше, за на крај да се премести.
Не е тајна дека Ана Винтур не е најголем фан на Ким Кардашијан, додека ријалити ѕвездата навистина се труди да ѝ се допадне на уредничката на американскиот Vogue.
Ким со години се молеше да добие покана за да присуствува на Мет галата, а ја доби оваа привилегија дури пред некоја година.
Ана, која е одговорна за листата со гости, има строги правила за тоа кој може да присуствува на настанот.
Наводно, таа сметала дека ријалити ѕвездите како Кардашијанс не се вистински ѕвезди и нема што да бараат на настан како Мет гала.
Сепак, во 2013-та, Ким успеа да го избегне правилото на Ана, па се појави на настанот како придружба на Канје кој тогаш ѝ беше сопруг.
Сега, пак, се чини Ана не ни крие дека не ѝ се допаѓа Ким.
Во петокот (29.09), Викторија Бекам имаше модна ревија во склоп на Модната недела во Париз.
Во првиот ред, покрај Дејвид Бекам, седеа Ким Кардашијан и мајка ѝ Крис, како и Ана Винтур.
На видео од настанот се гледа дека Ана седи до Дејвид во моментот кога пристигнува Ким.
Ријалити ѕвездата се поздрави со фудбалерот, додека изгледа како Ана да се обидува да го избегне нејзиниот поглед. По поздравот со Дејвид, Ким седнува до Ана.
Во следен кадар од истото видео, Ана повеќе не седи помеѓу Ким и Дејвид, а на фотки од настанот се гледа и мигот кога станува.
Kim Kardashian arriving at Victoria Beckham ss24 pic.twitter.com/iMbQrd5C1u
— ➳❥ (@VintageVault8) September 29, 2023
Во коментари на видеото кое беше споделено на Твитер, твитерџиите се шегуваат на сметка на Ким:
„Зарем Ана се премести?“
„Никој не смее да ја допре Ана Винтур? Не се ни обиде да ја прегрне Ким, си седеше со прекрстени раце“.
„Ана дефинитивно не ја сака оваа жена“.
Минатиот септември, Ким се најде во слична ситуација со познатата уредничка, овојпат на модна ревија на Fendi.
Тогаш Ким стоеше до Сара Џесика Паркер, кога дојде и Ана.
Во еден миг изгледа како Ким да ѝ се насмевнува, но Ана само ја одмина и ја прегрна Сара Џесика Паркер.
@madamefigarofr #KimKardashian et #SarahJessicaParker côte à côte au premier rang du défilé @Fendi… saluées par #AnnaWintour à la fin du show ! #fendi #tiktokfashion #newyork #fashiontiktok #newyorkfashionweek
♬ son original - madamefigarofr
Иако многу извори тврдат дека Ана ја мрази Ким, таа сепак има споделено комплимент за неа, но со доза критика.
„Лично ми се допаѓа што почна да се облекува поминималистички, но и тоа што повеќе си го покрива телото“.
Спирова С. | Црнобело