На 6 години победи на избор за убавина, мајка ѝ ја искористуваше за да се збогати: Скандалозното детство на Алана Томпсон
Бидејќи во тоа време Алана имала само 14 години требала да биде однесена во дом за деца или згрижувачко семејство. Но, нејзината постара сестра Лорин успеала да добие привремено старателство.
Во 2022 година, Лорин се изборила и за целосно старателство над сестра си, а потоа кажала и дека мајка ѝ Џун воопшто не ја сакала Алана и сакала да ја даде на посвојување, но бидејќи во неа гледала „златна кокошка“ која ѝ носела пари, пред камерите глумела грижлива мајка.
По ова Алана го прекинала контактот со својата мајка.
Во 2021 Алана се нашла на насловната страница на списанието Teen Vogue.
„Знам дека сум убава иако имам големо тело“, рекла таа во интервјуто за тинејџерскиот магазин.
Но, и покрај тоа што има проблеми со килограмите Алана не сака да слабее и вели дека е задоволна со тоа како изгледа.
Во интервјуто таа зборувала и за своето момче, Дралин Карсвел, за кого вели дека ѝ е најверојатно единствениот вистински пријател и дека е пресреќна во љубовта со него.
Но, и нивната врска не е без скандали. Дралин, кој е 4 години постар од Алана беше уапсен дека возел под дејство на алкохол и наркотици и се обидел со автомобил да избега од полицијата.
Во автомобилот со него била и Алана, која во тоа време била сè уште малолетна, па поради тоа не била уапсена.
Во моментов Алана студира на Универзитетот во Денвер и се надева дека ќе го заврши факултетот и ќе стане медицинска сестра.
А. Ј. | Црнобело